„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Азески за Економија и Бизнис: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард. ова е целта на комората

16.10.2026

| Новости

Во интервјуто, претседателот Азески говори за тоа дека ако не се следи трендот, излегуваш од игра. Тоа не е ново правило. Ние постоиме за фирмите, за членките на Стопанската комора. Тие имаат потреби, ние ги следиме, се прилагодуваме на новите текови на работење и излагаме во пресрет, бизнисот да ја врши својата функција. Живееме во 21 век, во ера на дигитализација, на вештачка интелигенција, тоа ги влече процесите да се движат со многу голема брзина. А тоа е истата патека по која чекори и бизнисот. Не случајно добиваме меѓународни награди во континуитет, посочува претседателот на Комората.

Говори и за фактот дека тој како предводник на најмоќната и најстара бизнис организација во државата се признаени од релевантни светски организации, но не доволно препознаени дома. Како што вели Азески, тоа е „балкански специјалитет“, кој се вика завидлк. Но посочува – „Јас сум одлучен против тоа да не се борам и без потреба да не губам време. Тоа значи, РАБОТА, РАБОТА И САМО РАБОТА, следење на трендовите, градење кадрови и секојдневни иницијативи“.      

За амбиентот во кој делуваат компаниите, вели има многу потенцијали, но има и бариери. Далечни пазари значат скапи транспортни трошоци и без регионално обединување и омасовување на производите нема конкурентност. Пазари со потенцијал за извоз има и на Блискиот исток, во дел од земјите на ЕУ каде не сме присутни. Но, разни форми на деловни пречки и интереси, го кочат развојот и освојувањето на нови извозни дестинации. И ако на се ова се додаде дека Македонија со години има повеќе нерешени проблеми кои го кочат економскиот развој, тогаш имаме само едно нешто што треба да го направиме – брзи реформи, со брзо темпо, без отстапки, за да опстанеме во светот кој брзо се менува.

 
 
 

Зборува и за потребата од реформи со фокус на две работи - што побрзо да станеме правна држава и да ги совладаме принципите на пазарната економија. Дефинитивно ако сакаме конкурентни компании, иновативни и креативни, со потенцијал за раст и развој, мора да се обезбеди фер конкуренција, еднаков третман на компаниите на пазарот. Преведено на јазикот на бизнисот значи дека барамекончено решавање на проблемот на корупцијата и сивата економија.Бараме нов закон за јавни набавки каде домашните компании ќе имаат предност, најмодерен систем на статистичка евиденција како основа за градење економските политики, смалување на готовината во промет, електронска фактура итн., вели Азески.

Македонската извозна политика треба да се насочи од класично субвенционирање на производството кон активна и системска поддршка на компаниите во освојувањето странски пазари, зголемувањето на конкурентноста и создавањето поголема домашна додадена вредност. Фокусот не треба да биде само на тоа колку извезуваме, туку и што извезуваме, на кои пазари и колкава економска вредност останува во Македонија.

 Предизвиците се: како на најбрз начин да се достигнат целите на економскиот развој. Има еден пат, преку странски инвестиции – регионални, или глобални и отворање на нови пазари. Процесите на регионалното, европското и глобалното интегрирање се динамични категории кои бараат постојано набљудување, стратешко приспособување и брза реакција, институционален капацитет на јавниот и на приватниот сектор и претприемнички нерв. Она што за Македонија сега е надворешен пазар, набргу ќе стане внатрешен пазар.
Коморскиот инвестициски форум (КИФ) има значајна улога во трансформирањето на регионалната соработка од политичка декларација во конкретна економска агенда, и градење на вистински интегриран заеднички регионален пазар, кој ќе се заснова на примената на четирите слободи, на кои се заснова и единствениот пазар на ЕУ.

Од аспект на Стопанската комора, регионалната економска интеграција е особено важна затоа што нашите компании не треба да го гледаат Западен Балкан како шест одделни пазари, туку како заеднички регионален пазар, кој ќе мора да се усогласи со европските правила и постепено да се интегрира во Единствениот европски пазар како поврзани процеси.

КИФ има посебна улога токму во процесот на поголема регионална економска соработка. Коморите се најблиску до компаниите и најбрзо ги идентификуваат проблемите што ја ограничуваат регионалната трговија. Преку заеднички настап, тие можат тие проблеми да ги претворат во конкретни препораки до владите и до европските институции. На тој начин, бизнис-заедницата не е само корисник на регионалните политики, туку преку КИФ станува активен партнер во нивното креирање.

Претседателот Азески цели дека редовно практикува да одам на меѓународни форуми, затоа што на едно место сретнуваш многу луѓе и разменуваш мислења, градиш мрежи. Најдобро се чувствувам вели на Копаоник Бизнис форумот, каде долги години наназад сум панелист и добар партнер на организацијата. Исто така секоја година учествува на Виенскиот економски форум, Конференцијата за економија на Црна Гора, а на почетокот на следната година се планира прв пат да ја предводи и делегација на престижниот економски форум во светот, Давос. Неколку пати бил и на Кран Монтана форумот, а има и други разни форуми во светот каде сум престојувал.  

Целото интервју ќе може да се проследи во печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис