„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Изворите на средства за финансиските и микрокредитните друштва во Северна Македонија се скапи, што влијае и врз цената на кредитите, посочува Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора. Тој вели дека MicroBalkans 2026 е можност за воспоставување контакти со европски фондови кои би обезбедиле поевтини извори на финансирање за домашните небанкарски финансиски друштва.
Целта е овие средства потоа да се пласираат до малите бизниси и до категории граѓани кои потешко доаѓаат до банкарско финансирање, меѓу кои и социјално ранливите категории и жените претприемачи.
Јошевски очекува и поддршка од Владата преку обезбедување поевтини финансиски средства.
„Тие средства потоа ќе ги пласираме до категории клиенти кои што немаат пристап до банките“, истакнува Јошевски.