„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

MicroBalkans 2026 привлече интерес од импакт инвестициски фондови

17.09.2026

| Новости

 Еден од значајните резултати од организацијата на MicroBalkans 2026 во Скопје е интересот од неколку импакт инвестициски фондови, истакна Антонета Манова Ставреска. Станува збор за фондови кои, покрај финансискиот поврат на инвестициите, водат сметка и за нивното општествено и еколошко влијание.

Според Ставреска, тоа отвора можност членките на Групацијата на небанкарски финансиски друштва да воспостават контакти и да ја продлабочат соработката со овие фондови.

„Тие овозможуваат средства за финансирање, односно се извор на капитал за небанкарските финансиски институции“, посочува Манова Ставреска.

Интересот од ваквите инвеститори е особено значаен за небанкарските финансиски друштва, кои се потпираат на сопствени извори на капитал и имаат потреба од дополнителни можности за финансирање и раст.

 

Целиот разговор на линкот https://youtube.com/shorts/NYhnMA5o_Jg