„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Претседателот Азески на отворањето на Светскиот конгрес на економисти во Белград

22.06.2026

| Новости

Во рамки на меѓуинституционалната соработка, по покана од Александар Влаховиќ, претседателот на Сојузот на економисти на Србија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и советникот Зоран Јовановски денес присуствуваа на отворањето на Светскиот конгрес на економисти во Белград.

Сојузот на економисти на Србија е домаќин на настанот што го организира Меѓународната економска асоцијација. На настанот присуствуваат 1000 економисти, меѓу кои и неколку добитници на Нобеловата награда за економија.

Главната тема на настанот е глобализмот наспроти национализмот, мултилатерализмот наспроти билатерализмот и демократијата наспроти автократијата.