„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Благодарност до претседателот Азески и Комората од „Бизнис објектив“ на Телма

22.06.2026

| Новости

За поддршката за реализација на емисијата изминатата сезона

Тимот на „Бизнис објектив“ на Телма, упати благодарност до претседателот Азески и Стопанската комора, за поддршката во реализацијата на емисијата изминатата сезона. Во дописот пишува, „особено ја цениме подготвеноста претседателот на Стопанската комора на СМ, Бранко Азески да ја препознае вредноста на проектот што придонесува за унапредување на јавната дебата за економските прашања и предизвици”.  

Како што пишува во дописот од тимот на Бизнис објектив до Комората, за релативно краток период, емисијата се етаблирала како препознатлив бренд во економската јавност и како релевантна платформа за отворање на важни економски и општествени прашања, со надеж за соработка и во следната сезона.

Во текот на сезоната од септември 2025 до јуни 2026 година, Комората презентираше 36 реклами со видео материјал изработен за презентирање на бизнис активностите предводени од претседателот Азески.

Во прилог линкови од сите веќе објавени видео материјали:

 www.youtube.com/watch?v=OomEs0gRWoI&list=PLzq_0ioZy9yhy3BK_zWX2h5mTZHoL0Kyu