„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Честит ден на Европа

07.05.2026

| Новости

Стопанската комора на Северна Македонија упатува честитки по повод 9 Мај – Денот на Европа, како симбол на единство, соработка и заеднички напредок.

Европските вредности и принципи претставуваат важна насока за домашната економија, особено во градењето стабилно и предвидливо деловно опкружување. Во тој контекст, значајно е натамошното продлабочување на соработката со европските партнери и отворањето нови можности за раст и развој на компаниите.