„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески на 5-ти април оваа година, престојуваше во Ресен, каде оствари работна средба со градоначалникот на Општина Ресен, ован Тозиевски, заедно со претставници на Регионалната комора со седиште во Битола.
На средбата се разговараше за актуелните економски предизвици и развојните потенцијали на Преспанскиот регион, со посебен акцент на инфраструктурните проекти и потребата од подобрување на прекуграничната поврзаност како предуслов за економски раст и развој на туризмот и локалното стопанство.
Во рамки на посетата, претседателот Азески, градоначалникот Тозиевски и претставниците на Регионалната комора со седиште во Битола извршија увид на состојбите на граничниот премин Маркова Нога, кој претставува проект од стратешко значење за регионот и за унапредување на прекуграничната соработка.
Притоа беше истакната силната заложба на Стопанската комора и локалните институции за интензивирање на активностите и координацијата со надлежните институции, со цел што побрзо завршување на потребните постапки и ставање во функција на граничниот премин.
Отворањето на Маркова Нога ќе придонесе за зголемување на економската активност, развој на туризмот, подобрување и создавање нови можности за граѓаните и компаниите од Преспа, Пелагонија и поширокиот регион.
Стопанската комора и Регионалната комора со седиште во Битола ќе продолжат активно да ги поддржуваат иницијативите кои водат кон подобра поврзаност, економски раст и регионален развој.