„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка

25.06.2026

 Предлагач се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е зајакнување на финансиската стабилност на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, обезбедување на усогласеност и примена на одредбите од Законот за здравствено осигурување во однос на правото на здравствено осигурување на странците со привремен престој во Република Северна Македонија и обезбедувањето на пристап во системот на здравствено осигурување на лицата под привремена заштита согласно Законот за меѓународна и привремена заштита, како и намалување на административниот товар на самовработените лица кои данокот го плаќаат на паушално утврден нето доход во поглед на изготвување на пресметката на придонесите. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Со Законот се предлагаат следните решенија:---- привремено ревидирање на стапката на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и на придонесот за осигурување во случај на невработеност, пропишување на основ за пристап во здравствено осигурување на странците со регулиран престој на територија на Република Северна Македонија, ако со меѓународен договор поинаку не е определено, пропишување на Управата за јави приходи како обврзник за пресметка на придонесите наместо самите самовработени лица кои данокот го плаќаат на паушално утврден нето доход и пропишување на основ за пристап во здравствено осигурување на лицата под привремена заштита.