„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на законот за здравственото осигурување, по скратена постапка

08.05.2026

 Предлагачи се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на предлог на закон е да се подобри пристапот до неопходна здравствена заштита и медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку воспоставување посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и преку проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. Со предлог измените ќе се овозможува редовно и континуирано следење на здравствените потреби на овие лица, намалување на финансискиот товар врз семејствата и обезбедување на правична и навремена здравствена услуга. На тој начин, законот придонесува кон реална инклузија и подобрување на квалитетот на животот на децата со попреченост