„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.12.2025
Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Цели на предлог регулативата:
Со донесување на Законот за безбедност на храната за животни ќе се изврши соодветно транспонирање на одредбите од Регулативата (ЕК) 183/2005, Регулативата (ЕК) 767/2009 и Регулативата на Советот (ЕК) 1831/2003 во делот на процесите на регистрација и одобрување на операторите со храна за животни во зависност од активноста која ја вршат. Одредени членови од постојниот текст на закон се однесуваат на регулатива која е укината и ќе се заменат со членови од Регулативата (ЕК) 767/2009, која е транспонирана во подзаконски прописи. Исто така, се предвидува подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка, се воведува неколкукратно намалување на висината на глобите преку утврдување на точен распон на висината на прекршочните глоби.