„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри

13.08.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред се на младата популација), заштита на приредувачите особено од нелојалната конкуренција, легализација и контрола на паричните текови во оваа област и остварувањето на интересот на државата. Законот чие донесување се предлага, се засновува врз следните начела: -начело на ексклузивитет во приредувањето на игрите на среќа и начело на лиценцирање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри; -начело на економичност и ефикасност на управната постапка на издавање, одземање, прекин и откажување на лиценците и дозволите пропишани со овој закон, како и во другите случаи на управно постапување од овој закон и -начело на правна сигурност и заштита на приредувачите и учесниците во игрите на среќа и забавните игри. Со Предлогот на закон се врши прецизно дефинирање на игрите на среќа и забавните игри, класификација на игрите на среќа, пропишување на специфичностите на управната постапка за издавање и одземање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри, контролата врз приредувањето, прекршочните одредби, како и одредување на намената на приходите остварени од приредувањето на игрите на среќа и забавните игри.