„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.08.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предлог измената и дополнувањето на законот се заснова на истите начела под кои е донесен законот. Основна цел на предложената измена и дополнување на Законот за енергетска ефикасност се исполнување на обврските кои произлегуваат од членство во Енергетската Заедница, односно обврските кои се дел дел од Директивата 2018/2002/EU и Регулативата 2018/1999/EU, како клучни правни акти од т.н Пакет на Европската Унија за чиста енергија, чие транспонирање во 4 националните системи на земјите членки на Енергетска заедница, во најголем дел треба да биде биде спроведено до крајот на 2023 година, но истата обврска не е реализирана и цела година после определениот рок. Сообразноста со обврските преземени во рамки на законодавството на Енергетската заедница на начин кој е конзистентен со националната енергетска политика, несомнено значи дека основната цел и на овој предлог закон е : · да ги отстрани регулаторните и нерегулаторните бариери што го попречуваат спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност и проекти за енергетска ефикасност; · да ја зајакне соработката меѓу потрошувачите, производителите, снабдувачите на енергија, обезбедувачите на енергетски услуги, централните и локалните власти, во насока на постигнување на целите на полето на енергетската ефикасност; · да промовира користење на високоефикасни технологии, системи за управување со енергијата и системи за мониторинг на енергетските заштеди; · да го зголеми користењето на енергија од обновливи извори од страна на крајните корисници; · да овозможи користење на финансиски механизми и поттици за спроведување на мерки за енергетска ефикасност и · да го развие пазарот на енергетски услуги и обезбедување на енергетски услуги. Основните решенија кои се предвидени во Предлогот на закон нудат можност за целосно транспонирање на одредбите на Директивата 2018/2002/EU и Регулативата 2018/1999/EU, делумно низ одредбите на овој Предлог закон, но делумно преку одредбите на неколку подзаконски акти чија изработка и донесување се во тек, а за чие транспонирање е неопходно да се отворат соодветни правни основи во овој Предлог закон. Предвидените одредби од Предлог законот ќе се имплементираат со подготовката и донесувањето на: -Уредбата за усвојување на индикативни цели за 2020 и 2030 година, -Долгорочната Стратегија за реновирање на згради, -Уредбата за обврзувачка шема и/или примена на алтернативните мерки, -Уредбата уредување на Договорите за енергетски услуги, -Правилникот за програмите, годишните планови и извештаите за енергетската ефикасност на единиците на локалната самоуправа, -Правилникот за енергетски карактеристики на згради, и -Правилникот за енергетска контрола на зградите. Со Предлог- закон: -се воведува начелото „енергетската ефикасност на прво место“, давајќи приоритет на мерките за енергетска ефикасност при енергетското планирање, како и при носењето на одлуки за соодветните политики и инвестиции; -ја внесува обврската за реконструирање на најмалку 3% од вкупната површина на зградите (со корисна подна површина од најмалку 250 м2 ) на годишно ниво, кои ги користат и се во сопственост на органите на централната власт; -предвидува изработка долгорочна Стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради до 2050 година, со цел трансформација на постоечките згради во високо енергетски-ефикасни и декарбонизирани згради со речиси нулта потрошувачка на енергија; -го доуредува правниот основ за донесување на Уредба со кои ќе се определат севкупните цели и придонеси за енергетска ефикасност; -ги допрецизира одредбите поврзани со донесувањето на Правилникот за Програмите за енергетската ефикасност на единиците на локалната самоуправа, во смисла на олеснување на нивната изработка, а имајќи ги предвид ограничените капацитети на дел од општините и незадоволителниот број на досега изработени Програми за енергетска ефикасност од страна на општините; -го доуредува правниот основ за донесување на Уредба за моделите на договорите за енергетски услуги кои се користат при договарањето на енергетски услуги, со кои ќе се овозможи 5 побрз развој на пазарот на енергетски услуги, преку предвидувањето и изработувањето на 2 модел[1]договори за енергетски услуги кои се користат при договарањето на енергетски услуги (договор за енергетски услуги за загарантирани заштеди и договор за заеднички финансиски заштеди); и - ја транспонира Директивата 2009/33/EU за промоција на чисти и енергетски ефикасни возила за патен транспорт во делот на набавката на возила за патен транспорт, од страна на лицата од јавниот сектор, со што во иднина при нивната набавка ќе треба да бидат дефинирани очекуваните енергетски и еколошки влијанија за време на оперативниот период на овие возила низ параметрите кои ќе ги вклучуваат потрошувачката на енергија, како и емисијата на јаглерод диоксид и другите стакленички гасови. Едновремено по донесување на Програмата за обука и усовршување на енергетски контролори на згради ќе отпочне во целост да функционира Законот за енергетска ефикасност во делот на зградите, во согласност со барањата од Директивата за енергетски карактеристики на згради.