„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование

08.08.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на проектот е подобрување на условите за учење во основното образование. Основно начело врз основа на кое се заснова овој Предлог на закон е обезбедување на дополнителни финансиски средства за да се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование. Оттука, Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка ќе склучат Договор за заем наменет за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, во износ од 15 милиони евра.