„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците

05.08.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Законот за прекршоците како процесен закон со кој се регулира процедурата за постапување на прекршочните органи и судовите по прекршоци опфаќа многу области помеѓу кои и областа безбедност на сообраќајот на патиштата. Во последно време сме сведоци на зачестени прекршоци од областа на на сообраќајот на патиштата, при што како последица се зголеми бројот на сообраќајни несреќи со смртни последици, поради непочитување на законите од областа на сообраќајот. Исто така, постоечките прописи помеѓу кои и Законот за прекршоците не даваат можност за примена на новите технологи (систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање) кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување на процесот на санкционирање. Исто така, постоечкиот начин на достава не е ефикасен, поради што е потребно изнаоѓање на други соодветни решенија за брза достава. Материјата за безбедност на сообраќајот на патиштата е уредена со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата каде се пропишани конкретни пракршочни санкции за сторителите на ваков вид прекршоци. II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ Законот се заснова врз истите начела како и досегашниот закон.