„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.06.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на овој Закон е усогласување на домашното законодавство со ДИРЕКТИВА (ЕУ) 2022/2555 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 14 декември 2022 година за мерките за високо заедничко ниво на кибербезбедност низ Унијата, за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014 и Директивата (ЕУ) 2018/1972 и за укинување на Директивата (ЕУ) 2016/1148 (Директива NIS 2), како и изградба на капацитети за безбедност на мрежни и информациски системи во државата, намалување на заканите за мрежните и информациските системи што се користат за обезбедување основни услуги во клучните сектори и обезбедување 4 на континуитет на таквите услуги во случај на инциденти, со што се придонесува кон безбедноста на Република Северна Македонија и ефективно функционирање на нејзината економија и општество.