„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

POWER BI ВО ПРАКСА - ПОДАТОЦИТЕ ЗБОРУВААТ КОГА ЗНАЕТЕ ШТО ДА ПРАШАТЕ –16.10.2026 година • Локација: сала 1, 1-ви кат

29.09.2026 - 15.10.2026 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат

Компаниите собираат податоци за продажбата, клиентите, трошоците и работењето, но повеќе податоци не значат автоматски и подобри одлуки. Извештајот може да покаже дека продажбата се променила, без да објасни зошто се случило тоа или што треба да се преземе. Вредноста на аналитиката започнува со вистинското прашање и завршува со јасна препорака за дејствување.

За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија, на 16.10.2026 година, организира обука на тема: „Power BI во пракса – Податоците зборуваат кога знаете што да прашате“, која има за цел да им овозможи на учесниците преку практична примена на Power BI да ги трансформирате деловните податоци во јасни аналитички сознанија, трансформирајќи го секог деловен проблем во аналитичко прашање, како да се изберат показатели што навистина се важни и како правилно да се толкуваат резултатите.

Учесниците на практичната обука ќе работат со деловни примери и ќе научат да разликуваат што податоците сигурно покажуваат, што само навестуваат и за што се потребни дополнителни информации. Акцентот е на употребата на аналитиката за избор на следниот деловен чекор, а не само за подготовка на уште еден извештај.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сопственици, директори и менаџери, маркетинг, финансии, продажни тимови, аналитичари, CRM професионалци, како и вработени во приватен и јавен сектор кои користат податоци и извештаи при планирање и донесуваат одлуки базирани на податоци.

Обуката е соодветна и за сите кои сакаат да стекнат практични знаења за користење на Power BI како алатка за подобрување на аналитичките вештини и поддршка на бизнис растот.

Целта на обуката е учесниците да развијат аналитички начин на размислување што им помага да поставуваат подобри прашања и да носат поосновани одлуки. Тие ќе научат како да проценат кои податоци им се потребни, да препознаат релевантни трендови и отстапувања, да ги толкуваат резултатите со соодветна претпазливост и да ги претворат наодите во конкретна деловна препорака. Обуката ќе им помогне и појасно да ги презентираат заклучоците пред луѓето што треба да одлучат. Во фокусот на обуката е практичната примена на Power BI преку реални примери и студии на случај, кои овозможуваат инстант примена во секојдневното работење.
Придобивки од обуката:
  • Подобро поврзување на деловните прашања со податоците што се потребни за одговор.
  • Избор на показатели што помагаат при одлучување, наместо следење голем број неважни бројки.
  • Полесно откривање трендови, проблеми и можности во работењето.
  • Избегнување погрешни заклучоци при толкување графикони и извештаи.
  • Појасно претставување на аналитичките наоди пред менаџментот.
  • Претворање на резултатите од анализата во конкретни активности и препораки. 
ПРОГРАМА:
СЕСИЈА 1: Од деловен проблем до корисни сознанија

·        Како се поставува добро аналитичко прашање.

·        Избор на релевантни показатели и проверка на квалитетот на податоците.

·        Дескриптивна и дијагностичка аналитика: што се случило и кои се можните причини?

·        Практична вежба со деловен извештај

 
СЕСИЈА 2:Од сознанија до деловна акција
  • Предвидувања и сценарија при планирање.
  • Како да се споредат можни активности и да се процени неизвесноста.
  • Визуелно претставување на резултатите и формулирање јасна препорака.
  • Практична вежба со презентација на одлука заснована на податоци.
 
АЛАТКИ ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ
 
За реализација на обуката се користи Power BI Desktop, достапна бесплатнa верзија на следниов линк: https://www.microsoft.com/en-us/power-platform/products/power-bi/desktop Обуката се реализира во компјутерска лабораторија во Стопанската комора.
 
Предавач:

Д-р Виолета Цветкоска е професор по Операциони истражувања и машинско учење за менаџмент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај тоа ги предава и предметите Основи на бизнис аналитика (на прв циклус на студии) и Бизнис аналитика и Наука за податоци (на втор циклус на студии). Таа е меѓународно признат експерт за одлучување базирано на податоци, Power BI решенија и примена на аналитика за подобрување на клиентското искуство и остварување побрз раст, со долгогодишно искуство во работа со менаџери, аналитички тимови и организации. Со силен фокус на практична примена, д-р Цветкоска успешно ги поврзува аналитичките модели со реалните бизнис потреби, помагајќи им на компаниите податоците да ги претворат во конкретни сознанија, а сознанијата во одлуки што носат резултати. Нејзините обуки се препознатливи по јасна структура, интензивна практична работа во Power BI и ориентација кон решавање на реални бизнис предизвици. Експертизата на д-р Цветкоска се надградува преку активно учество на меѓународни научни и професионални настани, објавување трудови во реномирани меѓународни списанија и континуирана соработка со академската и бизнис заедницата. Нејзиниот пристап е насочен кон градење аналитички компетенции што создаваат одржлива конкурентска предност. 

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    

  • Компјутер на кој ќе се изведува практичниот дел од обуката;
  • работни материјали во електронска верзија;
  • ручек и освежување
  • сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 13.10.2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

             

м-р Анита Рафајловска                                                   

Телефон: 02 32 44 057

Календар на настани

BizHack AI Маркетинг Хакатон (24-26...

16.07.2026 - 30.09.2026

BE • DO • HAVE – ТЕХНИКА ЗА 70% ПОГ...

29.09.2026 - 13.10.2026

BE • DO • HAVE – ТЕХНИКА ЗА 70% ПОГ...

22.09.2026 - 14.10.2026