„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен „Он-лајн“ семинар на тема: „СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ – ОД ВИЗИЈА ДО ПЛАН НА АКТИВНОСТИ И РЕЗУЛТАТИ“ - Стратешко планирање за јасна насока, паметни цели и мерливи резултати -

02.09.2026 - 23.09.2026 , Семинар

  

„Визијата го покажува правецот. Стратегијата го одредува патот. Акцијата ги создава резултатите.“

Стратешкото планирање е еден од клучните процеси за успешно управување и развој на секоја организација. Тоа не е само изработка на документ, туку процес преку кој организацијата јасно го дефинира својот правец на развој, ги поставува приоритетите и ги поврзува својата мисија, визија, вредности, цели и конкретни активности.

Во услови на брзи промени, неизвесност и зголемени барања од пазарот, организациите имаат потреба од јасна насока и добро поставени приоритети. Стратешкото планирање овозможува навремено препознавање на можностите и ризиците, поставување реални и мерливи цели и креирање активности што водат кон одржлив и долгорочен развој.

ЦЕЛИ НА СЕМИНАРОТ

По завршувањето на семинарот, учесниците ќе:

  • го разберат значењето и улогата на стратешкото планирање;
  • ги препознаат клучните елементи на еден стратешки план;
  • научат како се анализира внатрешното и надворешното опкружување;
  • знаат како се дефинираат мисијата, визијата и организациските вредности;
  • научат да поставуваат јасни и мерливи стратешки цели според SMART принципите;
  • се запознаат со начинот на дефинирање приоритети и мерки;
  • научат како стратешките цели се претвораат во конкретен план на активности;
  • го разберат значењето на мониторингот и евалуацијата на реализацијата;
  • дефинираат рамка за следните чекори во процесот на стратешко планирање.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?

Семинарот е наменет за:
  • директори и раководители;
  • членови на менаџмент;
  • координатори и проектни менаџери;
  • лица одговорни за планирање и развој;
  • вработени кои учествуваат во процесите на организациско управување;
  • претставници на компании и организации кои сакаат да ги унапредат своите знаења и практични вештини во областа на стратешкото управување.
ПРОГРАМА

1. Стратешко планирање – основи и значење

  • Што е стратешко планирање и зошто е важно?
  • Стратешко наспроти оперативно планирање
  • Процесот на развој на стратешки план

2. Клучни елементи на стратешкиот план

  • Мисија, визија и организациски вредности
  • Стратешки приоритети и цели
  • Поврзување на стратегијата со конкретни активности
3. Анализа на состојбата
  • Анализа на внатрешното и надворешното опкружување
  • Анализа на заинтересираните страни
  • Идентификување можности и ризици
4. SWOT анализа
  • Како правилно да се спроведе SWOT анализа
  • Претворање на наодите од анализата во стратешки насоки
5. Дефинирање стратешки цели
  • Како да се постават јасни и реални цели
  • SMART принцип
  • Приоритизација на стратешките цели

6. Од стратегија до план на активности

  • Дефинирање мерки и активности
  • Одговорности и временски рокови
  • Индикатори за следење на реализацијата
7. Мониторинг и евалуација
  • Следење на напредокот
  • Мерење на резултатите
  • Навремено прилагодување на планот
8. Практична работа и следни чекори
  • Практични вежби и примери
  • Дискусија
  • Примена на алатките на примери од сопствената организација
  • Дефинирање на рамка за понатамошен процес на стратешко планирање

НАЧИН НА РАБОТА

Семинарот се реализира онлајн, во траење од 4 часа, со интерактивен пристап и комбинација на предавање, практични вежби, дискусија и анализа на реални примери.

Учесниците ќе имаат можност стекнатите знаења веднаш да ги применат преку практични задачи и примери од сопственото работно опкружување.

Важно е да се напомене дека целосниот процес на стратешко планирање е подолготраен процес кој подразбира вклучување на релевантните заинтересирани страни. Оттука, семинарот претставува практичен вовед и основа за понатамошна подготовка и развој на стратешки план.

ПРЕДАВАЧ

Проф. д-р Мирјана Беара Бењак, психолог и специјалист по менаџмент во образованието, со долгогодишно искуство во едукација, развој на организации и фасилитација на процеси на развојно и стратешко планирање.

Специјализирала Менаџмент во образованието на Универзитетот во Белград, а магистрирала во истата област на Универзитетот во Нови Сад, каде што и докторирала на Одделот за психологија.

Поседува повеќе од 30 години професионално искуство во областа на образованието, организацискиот развој и професионалното усовршување. Во текот на својата кариера била ангажирана како експерт, консултант и тренер на бројни национални и меѓународни проекти поддржани од Европската Унија, UNICEF, ETF, OSCE и други организации.

Нејзината експертиза е особено насочена кон стратешко планирање, организациски развој, развој на образовни политики и зајакнување на институционалните капацитети.

Има долгогодишно искуство во водење на процеси за изработка и имплементација на стратешки планови, како и во обука на раководители, наставници и претставници на организации за стратешко и проектно планирање, развој на визија и мисија, поставување стратешки цели и изработка на планови на активности.

ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ УЧЕСНИЦИТЕ?

По завршувањето на семинарот, учесниците ќе имаат јасна рамка за процесот на стратешко планирање, практично разбирање на клучните алатки и насоки како визијата и стратешките цели да ги претворат во конкретни и мерливи активности.

Не е доволно да знаеме каде сакаме да стигнеме – потребно е да знаеме и како ќе стигнеме таму.

По завршување на семинарот ќе биде обезбедено:

• работен материјал доставен електронски;

• сертификат за присуство на семинарот доставен електронски.            

 

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 18.09.2026 година.

 
 

Контакт лица:

 

  • м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,    
  •  телефон: 02 32 44 074              

beti@mchamber.mk