„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: УРБАНИСТИЧКАТА РЕГУЛАТИВА – ИНСТРУМЕНТ ВО ФУНКЦИЈА НА ЈАВНИОТ ИЛИ БИЗНИС ИНТЕРЕСОТ?

16.06.2026 - 07.07.2026 , Семинар

„он-лајн“

Во услови на интензивен инвестициски циклус, зголемена градежна активност и чести измени на урбанистичката регулатива, правилното толкување и примена на законските одредби станува од клучно значење за сите чинители во процесот – инвеститори, проектанти, урбанисти, општини, јавни институции и правни лица.

Дали најновите измени навистина придонесуваат за поефикасни постапки? Како да се надминат честите дилеми и судири меѓу различните закони? Каде завршува јавниот интерес, а каде започнува интересот на инвеститорите?

Овој вебинар нуди единствена можност за директна дискусија и размена на искуства со врвен експерт од областа на урбанистичкото планирање, со акцент на актуелните законски решенија и нивната практична примена.

Урбанизацијата е процес тесно поврзан со реализација на инвестиции и иницијативи кои претставуваат јавен интерес, но исто така е предуслов за развој на бизнис секторот низ спроведување на урбанистички планови, проекти и друга документација. Последните неколку години, кои се поклопуваат и со отпочнување на примена на новата урбанистичка регулатива - Закон за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25) и Правилник за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 225/20, 219/21, 104/22, 99/23, 7/25, 143/25, 241/25, 30/26, 87/26), градежната експанзија и интензивирањето на развојот на голем број нови и мали бизниси, уште повеќе го потенцираат значењето и улогата на урбанистичката регулатива. Во напорите за задоволување на барањата на бизнис заедницата од една и заштита на јавниот интерес од друга страна, надлежните органи практикуваат чести измени во Законот и Правилникот за урбанистичко планирање со цел рационализација и скратување на процедурите и поефикасен одговор на барањата на инвеститорите.

Дали во тие напори навистина се обезбедува заштита на јавниот интерес или задоволување на апетитите и амбициите на инвеститорите цел и дали регулативата дава јасни одговори и конкретни алатки и инструменти на овластените субјекти задолжени за изработка на плановите и надлежните институции за нивно донесување и имплементација или и дали и покрај сите напори, сеуште и едните и другите се соочуваат со бројни проблеми, предизвици и прашања без одговор.

Идејата на овој вебинар е низ интерактивна комуникација со луѓето кои секојдневно се соочуваат со овие прашања, да размениме искуства, мислења и ставови кои можеби ќе помогнат во правилно разбирање и примена на регулативата и ќе дадат насоки и придонес во процесот на нивно натамошно подобрување. Ве охрабруваме за учество на овој настан со што ќе дадете придонес во таа насока, а за да истиот биде поефикасен, добредојдени и пожелни се ваши предлози за теми за дискусија кои може да ги доставите и пред одржување на овој настан.

Која е целта на семинарот?

Целта на семинарот е преку интерактивна дискусија да се разменат искуства, ставови и практични решенија поврзани со примената на урбанистичката регулатива, како и да се идентификуваат можности за нејзино понатамошно унапредување.

На семинарот ќе добиете:

✔ Преглед на најновите измени во Законот и Правилникот за урбанистичко планирање

✔ Насоки за правилна примена на урбанистичката регулатива во пракса

✔ Разјаснување на најчестите дилеми поврзани со урбанистичките постапки

✔ Практични решенија за усогласување со останатата законска регулатива

✔ Одговори на конкретни прашања и случаи од секојдневното работење

✔ Можност за активно учество во дискусијата и размена на професионални искуства


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074         

Календар на настани

“5S + KAIZEN = Continuous Improveme...

05.06.2026 - 23.06.2026

AI ВО ФИНАНСИИ: ОД АНАЛИЗА НА ФИНАН...

03.06.2026 - 24.06.2026