Малите семејни стопанства имаат значајно учество во земјоделството во Северна Македонија и играат клучна улога во руралните приходи и производството на храна. Сепак, структурата на земјоделското земјиште е значително расцепкана, што ја намалува ефикасноста, ја отежнува модернизацијата и ја ограничува конкурентноста на секторот, дополнително оптоварен со застарена инфраструктура и недоволни инвестиции.
Консолидацијата на земјиштето претставува клучен приоритет за надминување на овие предизвици. Досегашните резултати покажуваат јасни придобивки, вклучително намалување на расцепканоста, подобрена инфраструктура и зголемена продуктивност на земјоделските стопанства.
Новата Национална стратегија за консолидација на земјиштето 2025–2035 ја позиционира консолидацијата како повеќенаменски инструмент за намалување на расцепканоста, окрупнување на стопанствата, модернизација на земјоделската инфраструктура и зајакнување на отпорноста на земјоделството кон климатските промени.
Ефективната имплементација бара координиран пристап и вклучување на повеќе дисциплини, вклучително геодезија, правни услуги, проценка на земјиште, агроекономија и работа со локалните заедници. Иако приватниот сектор – особено геодетските компании – досега играа значајна улога, потребно е и понатамошно зајакнување на капацитетите и пошироко вклучување на различни чинители од приватниот сектор.
Во тој контекст, настанот има за цел да поттикне дијалог и партнерства помеѓу приватниот сектор, јавните институции, академската заедница и локалните самоуправи за зголемување на обемот на консолидацијата и поддршка на инвестиции во модерно и климатски отпорно земјоделство.
Општа цел на настанот
Настанот има за цел да поттикне дијалог и партнерства помеѓу приватниот сектор, јавните институции, академијата и локалните самоуправи за поддршка на имплементацијата и проширувањето на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија.
Специфични цели
- да се презентираат клучните приоритети и планирани интервенции согласно Националната стратегија за консолидација на земјиштето 2025–2035 и Акцискиот план;
- да се прикажат конкретните придобивки од консолидацијата за земјоделците, агробизнисот и руралните заедници;
- да се дискутира улогата и можностите за поголемо вклучување на приватниот сектор во спроведувањето на консолидацијата;
- да се нагласи улогата на општините во поттикнување на локалниот интерес и поддршка на руралните инвестиции;
- да се идентификуваат практични чекори за зајакнување на соработката помеѓу јавните и приватните засегнати страни.
Учесници
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
· Г-дин Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Стопанска комора на Северна Македонија
- г-дин Бранко Азески, претседател
- членови на Управниот одбор:
- г-дин Никола Рибароски, Комора на геодетски компании на Северна Македонија
- Здружение на земјоделство и прехранбена индустрија
- претседател: г-дин Ѓорѓи Петрушев, АД Млекара Битола
- г-дин Никола Деребанов,агро-консултант, фирма Вириди Инвест Скопје
- Регионални канцеларии: Битола, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Штип
Други стопански комори
- Сојуз на стопански комори на Македонија
- Агро-бизнис комора
- Стопанска комора на Северозападна Македонија
- Комора на геодетски компании
Приватен сектор
- геодетски компании
- агробизнис сектор
Јавни институции
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Локалнисамоуправи
(општини кои учествуваат во постапки за консолидација на земјиште)
- Битола, Прилеп, Чешиново–Облешево, Долнени, Радовиш, Струмица
Академска заедница
- Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет ‘’Св. Кирил и Методиј’’– Скопје
- Градежен факултет, Универзитет ‘’Св. Кирил и Методиј’’– Скопје