„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

деловни средби

„ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА САЕМОТ ВО МОСТАР 2026 ГОДИНА“

30.03.2026 - 14.04.2026 , деловни средби

Мостар, Босна и Херцеговина

 П О К А Н А

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

НА САЕМОТ ВО МОСТАР 2026 ГОДИНА


https://www.b2match.com/e/international-b2b-meetings-at-mostar2026

 14 и 18 април 2026 година (хибриден настан)

Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ

 Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и во соработка со Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, и ИНТЕРА-Технолошки парк од Мостар, БиХ, Ве покануваат да земете учество на меѓународните Б2Б средби што ќе се одржат на 27. Меѓународен бизнис саем Мостар 2026 година, од 14 до 18 април 2026 година во хибриден формат (на лице место и онлајн).

 Деловните состаноци (Б2Б) ќе се одржат на:

        I.          15 април 2026 година – Б2Б настан на лице место од 11:00 до 16:00 часот, место: Конференциска сала 4 (Павилион 1).

       II.          16 април 2026 година – Онлајн Б2Б состаноци преку платформата B2match.

 Овие Б2Б средби нудат можност за интернационализација на вашиот бизнис и пронаоѓање добавувачи, купувачи или партнери од Босна и Херцеговина, Западен Балкан и од земјите на ЕУ, во следните индустриски сектори.

Главни индустриски сектори:

• Градежна индустрија

• Автомобилска индустрија

• Електроиндустрија

• Метална индустрија

• Земјоделство и прехранбена индустрија

• Дрвна и хемиска индустрија

• Телекомуникации и ИТ

• Банкарство и осигурување

• Печатарна и издавачка индустрија, итн.

Зошто да учествувате?

• Можности за да пронајдете нови деловни партнери и клиенти

• за да се поврзете со компании од регионот и пошироко

• да истражите нови технологии

• да дознаете за нови проекти и деловни практики.

 

Б2Б средбите се најефикасниот начин за пронаоѓање на меѓународни партнери, за таа цел, организирајте ги вашите состаноци врз основа на вашите интереси и информации за потенцијални деловни партнери.

За време на меѓународните деловни состаноци, учесниците ќе имаат можност да се сретнат со своите партнери на однапред закажани состаноци.

 Учеството на B2B состаноците е бесплатно, но регистрацијата е задолжителна преку платформата B2match на линкот:

https://www.b2match.com/e/international-b2b-meetings-at-mostar2026/sign-up/create-account

Крајниот рок за онлајн регистрација, креирање на бизнис профил за вашата компанија и закажување на Б2Б состаноци е до 14 април 2026 година.

За повеќе детали за состаноците, вклучувајќи ги и аранжманите за состаноци на лице место и онлајн, можете да најдете на следната веб страница:

https://www.b2match.com/e/international-b2b-meetings-at-mostar2026

 

Контакт лица:

Ирена Мојсовска

телефон: +389 2 3244 009

е-адреса: irena@mchamber.mk