„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БИЗНИС ФОРУМ С. МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА

21.11.2025 - 25.11.2025 , Форум

х.Александар палас, Скопје на 3 декември 2025 година, со почеток во 12 часот

На заедничка иницијатива на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија на 3-ти декември 2025 година (среда) во Скопје ќе се одржи Бизнис форум на кој учество ќе земат компании од двете земји, а на кој освен формален дел ќе има и можност за B2B средби и вмрежување на компаниите. На Форумот ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. др.  Христијан Мицкоски, како и високи претставници од српската влада. 

Целта на бизнис форумот е подобрување на постојните и воспоставување нови деловни врски, како и дефинирање на идните насоки на економска соработка меѓу двете земји. Настанот ќе ги собере претставници на институции и бројни компании од Северна Македонија и Србија, со цел поттикнување на соработката во областите на трговијата, производството и инвестициите, како и создавање нови можности за деловно вмрежување. Средбата на бизнисмени од двете земји ќе ја предводат премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски и вицепремиерката и министерка за економија на Република Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ.
Република Северна Македонија и Република Србија одржуваат традиционално блиски економски односи, што се потврдува со зголемувањето на трговијата во последните пет години за повеќе од половина милијарда евра, или повеќе од 60%.
Настанот ќе се одржи во х.Александар палас, Скопје на 3 декември 2025 година, со почеток во 12 часот.
Ве молиме вашето присуство да го најавите најдоцна до вторник - 25.11.2025 година на e-mail vasko@mchamber.mk