„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ОД КОНЦЕПТ ДО РЕАЛИЗАЦИЈА: ВИДЕО КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ ЗА ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КАМПАЊИ – 24.09.2025 година

26.08.2025 - 23.09.2025 , Обука

сала 1, 1-ви кат

  

Еднодневен семинар на тема:

ОД КОНЦЕПТ ДО РЕАЛИЗАЦИЈА: ВИДЕО КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ ЗА ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КАМПАЊИ

24.09.2025 година (среда)

10:00 – 15:00 часот

Сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

 
 
 

Еднодневната обука „Од концепт до реализација: Видео концепти и техники за ефикасни маркетинг кампањи“ е наменета за маркетери, претприемачи и креатори на содржина кои сакаат да ја зголемат ефикасноста на своите маркетинг активности преку професионално и стратешки планирано видео.

Обуката има за цел да понуди јасно разбирање за улогата на видеото во современиот маркетинг, клучните сегменти на интерно креирана содржина и практични вештини за самостојно креирање промотивни видеа за социјални мрежи. По завршувањето на сесијата, учесниците ќе умеат да изберат вистински видео формат за својата цел, да планираат содржина според маркетинг целите, и да ја реализираат од почетна идеја до финално монтирано видео, подготвено за објава.

Иако видеото е еден од најподатните начини за раскажување преку содржина на социјалните мрежи, голем дел од брендовите не успеваат да ја искористат неговата целосна моќ. Честопати видеата се или премногу вештачки и непривлечни за публиката, или пак, без доволно структура, јасна порака и визуелен квалитет. Ефикасното видео бара балансирање на креативноста со техничка прецизност, прилагодување на каналот на комуникација и правилно поставен тајминг за објава. Кога сите овие елементи се усогласени, видеото не само што привлекува внимание, туку и води кон конкретна акција.

Во склоп на оваа обука, учесниците ќе се запознаат со:

  • Причините за користење на видео комуникација и нејзиното влијание врз одлуките на публиката
  • Методите и техниките потребни за самостојна изработка на квалитетна видео содржина
  • Трендовите и најдобрите практики за создавање видео содржина која носи резултати

Семинарот вклучува техничка работилница со практични вежби за монтажа, колор корекција и додавање текстови/елементи во видео, со цел учесниците да стекнат самостојна способност за креирање професионални промо видеа за своите социјални мрежи.

Семинарот е соодветен за претставници на комуникациски и маркетинг сектори на почетничко ниво на познавање од креирање на видео содржини.

НАПОМЕНА: Посетителите е неопходно на семинарот да понесат мобилен телефон за снимање и лап топ за активно учество во праткитчниот дел.

ПРОГРАМА:

I дел: Улогата на видеото во современите маркетинг кампањи

·       Причини за користење на видео продукција во маркетинг цели

·       Типови на видеа за маркетинг комуникација

·       Видови на продукција на видео содржина

·       Актуелни видео трендови – студии на случај

II дел: Процес на подготовка за снимање видео

  • Таргетирање - за која публика е наменето видеото
  • Избор на формат и должина на видео
  • Изработка на сценарио
  • Визуелна и аудио насока
  • Техничка и логистичка организација

III дел: Развој на видео концепт: од сценарио до видео

·       Видови на кадрирање

·       Практична вежба: Снимање на видео материјал

·       Фидбек сесија и насоки за унапредување

IV дел: Монтажа и финализирање на видео
  • Основи на видео монтажа
  • Колор корекција и стилизирање на видео
  • Поставување на текст и текстуални исписи
  • Практична вежба: монтажа на видео, поставување на исписи, колор корекција и стилизирање на видео
  • Фидбек сесија и насоки за унапредување
 
Предавачи:

- Ива Дујак Ѓурѓиќ e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 15 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.

- Марко Ѓурѓиќ е аудио и видео продуцент, Production Manager и партнер во маркетинг агенцијата MOVEMENT. Со повеќе од 20 години искуство, има работено видео и аудио продукција за клиенти како Amstel, Bundes Bank, Ladna и сл.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

-          работни материјали во електронска верзија;

-          ручeк и освежување;

-          сертификат за учество на семинарот.

 
Последен рок за пријавување: 19 септември 2025 година.

Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

 м-р Анита Рафајловска                                                   

Телефон: 02 32 44 057

anita.mitrevska@mchamber.mk