„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен специјалистички семинар на тема: СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – ISO/IEC 42001 (АЛАТКА ЗА ЛИДЕРСТВО И КОНКУРЕНТНОСТ)

21.08.2025 - 19.09.2025 , Семинар

сала 1, 1-ви кат

  

 

Еднодневен специјалистички семинар на тема:

 

СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – ISO/IEC 42001

 (АЛАТКА ЗА ЛИДЕРСТВО И КОНКУРЕНТНОСТ)

19 септември 2025 година
09:00-16:00 часот
Стопанска комора на Северна Македонија сала 1, 1-ви кат

ISO/IEC 42001 – мост меѓу технологија, регулатива и доверба. Научете како да управувате со вештачка интелигенција на безбеден, етички и усогласен начин!


Стопанската комора на Северна Македонија на 19 септември 2025 година организира еднодневен специјалистички семинар на тема:СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – ISO/IEC 42001 (АЛАТКА ЗА ЛИДЕРСТВО И КОНКУРЕНТНОСТ).

ISO/IEC 42001 е меѓународен стандард за систем менаџмент на вештачка интелегенција  (AI):

  • Целтана стандардот: да им помогне на организациите безбедно, транспарентно и етички да управуваат со развојот и користењето на AI системи.
  • Што опфаќа стандардот: барања за политика и лидерство, управување со ризици, безбедност и заштита на податоци, транспарентност, етички принципи и одговорност.
  • Интеграција: може лесно да се комбинира со постојни стандарди како ISO 9001 (квалитет), ISO 27001 (информациска безбедност) и ISO 31000 (ризик).
  • Придобивка од стандардот: организациите добиваат структура за доверливо користење на AI, што им помага и при усогласување со регулативи како EU AI Act.
  • Заклучок: ISO/IEC 42001 е „ISO 9001 за вештачка интелигенција“ – рамка за одговорно управување со AI.

Која е целна група на семинарот?

Менаџери за квалитет, AI тимови, консултанти, раководители на процеси, ИТ менаџери, менаџери за усогласеност и ризик

Која е целта на семинарот?
  • Разбирање на целта и структурата на стандардот ISO/IEC 42001;
  • Запознавање со барањата на стандардот поврзани со етика, транспарентност и безбедност на AI системите;
  • Разбирање како ISO 42001 може да се интегрира со постојните ISO стандарди (ISO 9001, ISO 27001);
  • Развивање на основни компетенции за воведување и одржување на систем за менаџмент на AI.
Придобивки од семинарот:

По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат во можност да:

  • Објаснат ја целта на ISO 42001 и неговото значење за одговорна употреба на AI.
  • Ги идентификуваат клучните барања и области на стандардот (управување со ризици, етика, транспарентност);
  • Го поврзат ISO 42001 со други стандарди и практики во организацијата;
  • Го разберат процесот на имплементација и подготовка за сертификација.
Методологија на работа на семинарот:
  • Интерактивни предавања со презентации;
  • Групни дискусии и прашања;
  • Студии на случај: AI и предизвици во практиката;
  • Мини-вежби: мапирање на процеси на AI системи според барањата на ISO 42001.
АГЕНДА (1 ДЕН – 6 ЧАСА)
09:00 – 09:30 | Вовед во обуката и цели
  • Претставување на учесниците;
  • Дигитална трансформација и потребата од ISO 42001.
09:30 – 10:30 | Основни поими и контекст на стандардот
  • Што е ISO/IEC 42001 и зошто е развиен;
  • Однос кон ЕУ AI Act и други регулативи.
10:30 – 11:15 | Структура на стандардот ISO 42001
  • Политика и лидерство во AI менаџмент;
  • Управување со ризици и животен циклус на AI системи.
11:15 – 12:00 | Клучни барања на стандардот
  • Транспарентност и објаснивост на AI системите;
  • Безбедност и заштита на податоците;
  • Одговорност и етички начела.
12:00 – 13:00 | Пауза за кафе, ручек и освежување
13:00 – 14:00 | Интеграција со други стандарди;
  • Поврзаност со ISO 9001 (квалитет), ISO 27001 (информациска безбедност), ISO 31000 (управување со ризик).
14:00 – 14:45 | Студии на случај и примена во практика
  • Како компаниите управуваат со AI проекти согласно ISO 42001;
  • Групна дискусија: предизвици при имплементација.
14:45 – 15:30 | Мини работилница
  • Вежба: мапирање на еден AI процес според барањата на ISO 42001;
  • Креирање на иницијален план за имплементација.
15:30 – 16:00 | Заклучоци и евалуација
  • Клучни лекции;
  • Дискусија и прашања од учесниците.

Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 420001 за систем менаџмент за вештачка интелегенцијаISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Акредитиран експерт – тренер од страна на PECB (Одбор за професионална евалуација и сертификација, Канада) со повеќе од 200 обуки во областа на системите за управување, информациска безбедност, проценка на ризикот и заштита на податоците, овластен консултант на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР) и Германското друштво за меѓународна безбедност (GIZ) и член на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (SAMKB).

Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.

 

Работен јазик: српски

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

*     Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 1 на 1-ти кат и ќе користат компјутери за време на вежби;

*     Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренесување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.

*     Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат „Вовед во ISO/IEC 42001 – Систем за менаџмент на вештачка интелигенција“од страна на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад;

*     За време на паузата учесниците добиваат ручек, кафе и освежување;

*     Котизацијата за еднодневниот семинар по учесник изнесува изнесува 7.080 денари (6.000 ден. + 18% ДДВ) за членки на Комората и 8.260 денари ( 7.000 ден. + 18% ДДВ) за не-членки на Комората.

*     Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација е со 10% попуст за сите учеснци и ако се 5 или повеќе учесници од иста компанија е со 20% за сите учеснци.

Рок за пријавување: 14.9.2025 година. Групата е ограничена на 25 учесника.

 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,    

 телефон: 02 32 44 074         

beti@mchamber.mk