„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

„ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СЕМЕЕН БИЗНИС – Како да се пренесат визијата и вредностите за продолжен раст на компанијата” – 16.9.2025 година

19.08.2025 - 12.09.2025 , Обука

сала 4, 5-ти кат

 

 

 Еднодневен семинар на тема:

 

„ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СЕМЕЕН БИЗНИС –

Како да се пренесат визијата и вредностите за продолжен раст на компанијата

 

16.09.2024 година (вторник)
09:00-16:30 часот
Сала 4, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

 

 

Семејните бизниси претставуваат столб на економијата во многу земји, вклучително и кај нас, и се карактеризираат со блиски односи, долгогодишна традиција и посветеност на вредностите и визијата поставени од основачите. Но, како што расте бизнисот и старее генерацијата која го започнала, се појавува еден од најголемите предизвици -  наследувањето. Преносот на сопственоста и управувањето од една генерација на следната не е само техничко и правно прашање, туку длабоко емотивен и стратешки процес кој бара внимателно планирање, комуникација и подготвеност од сите вклучени страни.

 

Процесот на наследување не се случува автоматски – тој треба да биде воден свесно и со јасна стратегија. Без правилна подготовка, постои ризик од конфликти во семејството, нарушување на работата во бизнисот, па дури и целосен распад на она што генерации го граделе. За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија, на 16 септември организира семинар на тема: „ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ВО СЕМЕЕН БИЗНИС – Како да се пренесат визијата и вредностите за продолжен раст на компанијата”, која има за цел да им помогне на семејствата да разберат што значи успешно наследување, кои чекори треба да ги преземат и како да го обезбедат континуитетот и стабилноста на бизнисот низ генерации.

За кого е наменет семинарот:

Обуката е наменета за сопственици на семејни бизниси и идни вработени кои се очекува да превземат семеен бизнис, претставници на бизнис заедницата од врвен и среден менаџмент во компании со семејна сопственичка структура, менаџери на човечки ресурси во семејни бизниси и други професионалци во оваа област.

Придобивки од семинарот:

·       Разбирање на процесот на наследување:
Ќе стекнете јасна слика за тоа што вклучува успешно наследување на семеен бизнис – од планирање, преку комуникација, до формална транзиција.

·       Идентификација на потенцијални ризици и предизвици:
Ќе научите како да препознаете можни пречки и конфликти во процесот на пренос на бизнисот, и како да ги избегнете или управувате со нив.

·       Подобрување на комуникацијата во семејството:
Ќе стекнете техники за отворена и конструктивна комуникација помеѓу генерациите, особено во чувствителни разговори за иднината на бизнисот.

·       Инспирација од реални примери и добри практики:
Ќе чуете искуства од други семејни бизниси и ќе добиете идеи кои може да ги примените во вашето семејство и компанија.

 

ПРОГРАМА:

 

Сесија 1

·       Карактеристики на семејните бизниси

·       Зошто наследувањето е критичен момент – Вежба

 

Сесија 2

·       Чести грешки и предизвици при транзиција

·       Вклучување на следната генерација

·       Однос помеѓу семејството и бизнисот

·       Планирање на улоги и одговорности

 

Сесија 3

·       Групна работа на симулиран случај

·       Идентификување ризици и препораки

·       Презентација од групите

 

Сесија 4

·       Комуникација во семејниот бизнис - како да се водат тешки разговори

·       Работа со емоциите при носење деловни одлуки поврзани со семејниот бизнис

 

Тренери во програмата:

 

- Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.

 

- Иван Христов е дипломиран психолог, гешталт психотерапевт и сертифициран Genos International Emotional Intelligence Practitioner. Иван е професионалец со долгогодишно искуство работејќи на домашни и странски проекти во областа на образованието и човечките ресурси. Во моментов е активен на неколку проекти поврзани со човечките ресурси за регрутација и селекција, проценка на вработени, изработка на описи на работни места, обуки и фасилитирани работилници. Иван носи вредни увиди кои помагаат да се препознаат и управуваат емоциите кога се работи за сложени прашања на пренос на бизнисот од родители кон следната генерација.

 

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:          

-        материјали за реализација на вежбите

-        работни материјали во електронска верзија

-        ручeк и освежување;

-        сертификат за учество на семинарот        


Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до
12.09.2025


Контакт лица:

м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk      

                                                  

 м-р Елизабета А. Ефтимова                                                   

Телефон: 02 32 44 074

beti@mchamber.mk

 

Календар на настани

Дводневен семинар на тема: „СКЛУЧУВ...

23.05.2025 - 24.06.2026