„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Работилница

ПРОДАЖНA СКРИПТA – Креирајте ја вашата формула за успех во директна продажба

13.05.2025 - 27.05.2025 , Работилница

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3, 3-ти кат

Стопанската комора на Северна Македонија на 27 мај 2025 година организира еднодневна работилница на тема: ПРОДАЖНA СКРИПТA – Креирајте ја вашата формула за успех во директна продажба.

Опис на работилницата:

Една од најпрактичните работилници за продажба на која што сте учествувале. Ќе бидете дел од патешествието на еден купувач и ќе влезете во главата на продавачот и ќе откриете низ што тој поминува додека трае еден купо-продажен процес.

„ПОВЕЌЕ ОД САМО СКРИПТА – ТОА Е МАПА!

Оваа динамична работилница комбинира експертска поддршка и развој на скрипти, прилагодена на уникатните потреби на вашата компанија. Дизајнирана е да го подобри вашиот процес на продажба.

Придобивки од семинарот:

·         Неколку часовно искуство што ќе ви помогне да го разберете целиот процес и основните чекори во продажбата;

·         Ќе ја научите најмоќната и најпрактичната продажна алатка што ќе ви помогне вам и на вашиот продажен тим да бидете поуспешни во продажбата – ПРОДАЖНА СКРИПТА;

·         Ќе дознаете како да ја добиете и одржите контролата со вашите купувачи;

·         Како да оставите подобар впечаток кај купувачите – сигурен став, поголема доверба и спремни уште пред тие да ви се обратат;

За кого е наменет семинарот?

 

-   Менаџери, вработени, продавачи, клиенти, маркетери, супервизори, вработени во сектор за грижа за корисници, човечки ресурси...

 
ПРОГРАМА
Вовед во програмата

-       Претставување на обучувач / Агенда

 
ВЕЖБА 1: Лични предизвици во продажбата
 
ВЕЖБА 2:
-   Игра на улоги

-   Рефлексија и групна дискусија 

Што е продажба?

-       Новиот модел на продажба!

 
ПРОДАЖНА СКРИПТА:

-   Значење и елементи на ПС

-   Чекори во продажба

ФАЗА 1: ПОДГОТОВКА:
Чекор 1: Подготовка и планирање на процесот на продажба
 
ФАЗА 2: ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА:

 Чекор 2 – Контакт со купувач

-    Дефинирање на клучните типови на клиенти

-    Дефинирање на воведна изјава

Чекор 3 – Препознавање на потребите 

-    Моќни продажни прашања

Вежба: подготовка на продажни прашања
Чекор 4 – Презентација на производ

-     Продавање на бенефити

Вежба: дефинирање на ФАБ модел 
Чекор 5 – Приговор и Одговор на приговори
Вежба: пишување на приговори и одговори на приговори 
Чекор 6 – Затворање на продажба 

-       Техники на затворање на продажба

 
ФАЗА 3: ПОСЛЕ ПРОДАЖБА:

-    Врзана / вкрстена продажба

-    После продажни активности.     

 
Предавач:
 

Петар Лазаров е официјално најдобриот консултант и тренер за маркетинг, брендинг, продажба и меки вештини во Европа, светот и можеби универзумот - потврдено од блиски пријатели, соседи и најважно, неговата мајка и татко. Се смета како “3та генерација” обучувачи кои не се само теоретичари, ниту и само практичари, туку имаат развиено своја авторска перспектива и уникатен теоретски и практичен пристап во пренесување на своите искуства и знаења.

Од развој на глобални брендови како MAMA’S до создавање на концептот NO BULL..., кој го брануваше пазарот во САД, па дури и го привлече вниманието на SHARKTANK, Петар знае како да ги претвори идеите во пазарни сензации. Но, освен брендирањето и продажбата, неговата вистинска супермоќ е градењето вештини кои ги трансформираат тимовите - помагајќи им на професионалците да ја совладаат комуникацијата, убедувањето и меките вештини што го носат вистинскиот успех.

Исто така, тој е ко-автор на TIP OF THE WEEK, прирачник за личен и професионален развој кој се продаде во над 15.000 примероци низ целиот Балкан.

 За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:

-        Електронски работен материјал;

-        Сертификат за присуство на семинарот;

-        Закуска и освежување.

 

Бројот на учесници е ограничен и краен рок за пријавување е 23.5.2025

 
 
 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074         

beti@mchamber.mk