„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
13.05.2025 - 27.05.2025 , Работилница
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3, 3-ти кат
Стопанската комора на Северна Македонија на 27 мај 2025 година организира еднодневна работилница на тема: ПРОДАЖНA СКРИПТA – Креирајте ја вашата формула за успех во директна продажба.
Една од најпрактичните работилници за продажба на која што сте учествувале. Ќе бидете дел од патешествието на еден купувач и ќе влезете во главата на продавачот и ќе откриете низ што тој поминува додека трае еден купо-продажен процес.
Оваа динамична работилница комбинира експертска поддршка и развој на скрипти, прилагодена на уникатните потреби на вашата компанија. Дизајнирана е да го подобри вашиот процес на продажба.
Придобивки од семинарот:
· Неколку часовно искуство што ќе ви помогне да го разберете целиот процес и основните чекори во продажбата;
· Ќе ја научите најмоќната и најпрактичната продажна алатка што ќе ви помогне вам и на вашиот продажен тим да бидете поуспешни во продажбата – ПРОДАЖНА СКРИПТА;
· Ќе дознаете како да ја добиете и одржите контролата со вашите купувачи;
· Како да оставите подобар впечаток кај купувачите – сигурен став, поголема доверба и спремни уште пред тие да ви се обратат;
За кого е наменет семинарот?
- Менаџери, вработени, продавачи, клиенти, маркетери, супервизори, вработени во сектор за грижа за корисници, човечки ресурси...
- Претставување на обучувач / Агенда
- Рефлексија и групна дискусија
- Новиот модел на продажба!
- Значење и елементи на ПС
- Чекори во продажба
Чекор 2 – Контакт со купувач
- Дефинирање на клучните типови на клиенти
- Дефинирање на воведна изјава
- Моќни продажни прашања
- Продавање на бенефити
- Техники на затворање на продажба
- Врзана / вкрстена продажба
- После продажни активности.
Петар Лазаров е официјално најдобриот консултант и тренер за маркетинг, брендинг, продажба и меки вештини во Европа, светот и можеби универзумот - потврдено од блиски пријатели, соседи и најважно, неговата мајка и татко. Се смета како “3та генерација” обучувачи кои не се само теоретичари, ниту и само практичари, туку имаат развиено своја авторска перспектива и уникатен теоретски и практичен пристап во пренесување на своите искуства и знаења.
Од развој на глобални брендови како MAMA’S до создавање на концептот NO BULL..., кој го брануваше пазарот во САД, па дури и го привлече вниманието на SHARKTANK, Петар знае како да ги претвори идеите во пазарни сензации. Но, освен брендирањето и продажбата, неговата вистинска супермоќ е градењето вештини кои ги трансформираат тимовите - помагајќи им на професионалците да ја совладаат комуникацијата, убедувањето и меките вештини што го носат вистинскиот успех.
Исто така, тој е ко-автор на TIP OF THE WEEK, прирачник за личен и професионален развој кој се продаде во над 15.000 примероци низ целиот Балкан.
- Електронски работен материјал;
- Сертификат за присуство на семинарот;
- Закуска и освежување.
Бројот на учесници е ограничен и краен рок за пријавување е 23.5.2025