„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.05.2025 - 11.06.2025 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Која е основната цел на Академијата? |
За кого е намената Академијата? |
Основната цел на Академијата за менаџерски вештини е на своите учесници да им се овозможи добивање избалансирани информации за практични и за теоретски знаења и тоа на начин кој е најприфатлив за усвојување на материјата, а наедно да им помогне, по завршување на Академијата, менаџерската позиција да ја извршуваат многу поедноставно и поефикасно и со значително подобри резултати |
Академијата е наменета за сите вработени на кои во секојдневното работење им е доделена задача да ги организираат работата и работните задачи, да менаџираат со други вработени, да водат проекти и да преземат одговорност за постигнување резултати и материјални средства, т.е за сите директори, управители, менаџери, раководители, тим-лидери и други за кои е од интерес оваа академија. |
По завршувањето на Академијата учесниците ќе се стекнат со следниве вештини: |
Придобивки од стекнатите вештини |
|
|
Прв ден
9 јуни 2025 година - понеделник |
|
Модул 1 – Патот на трансформацијата од извршител до менаџер
|
Модул 2 – Запознајте се себеси – секоја промена е внатрешна и надворешна
|
Втор ден
10 јуни 2025 година - вторник |
|
Модул 5 – Одбирање вистински луѓе – клучна претпоставка за успех
|
Модул 6 – Успешна тимска комуникација
|
Модул 7 – Делегирање задачи како клучна менаџерска алатка
|
Модул 8 – Управување со сопственото време, со тимот и со пазарот
|
Трет ден
11 јуни 2025 година - среда |
|
Модул 9 – Како ефикасно да се мотивира тимот?
|
Модул 10 – Тимските состаноци како ефикасна алатка за успешно лидерство
|
Модул 11 – Следење и мерење на резултатите
|
Модул 12 – Од менаџер до лидер
|
Тренер/предавач на Академијата за менаџерски вештини
Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), со повеќе од 25-годишно практично работно искуство на различни позиции – од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 15 години, а денес е експерт за директна продажба, преговарање, мотивација на вработените и за лидерство. Автор е на 15 книги, меѓу кои бестселерите „Губат само оние кои не играат“ и „Арена за продажба“, објавени под псевдонимот D.R Gilbert. Подоцна следуваат книгите „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги унапредите своите преговарачки вештини“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“, „21 зошто и само едно како“, „Арена на продажба на 21 век“, „Добар говор вреди повеќе од 1000 зборови“, „Лидерски исчекор во иднината“ и „Еден повик менува сѐ“. Во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија постојано го задржува вниманието и ги мотивира слушателите.
Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Постојано работи на унапредување на продажбата во повеќе реномирани компании низ регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семинари, тренинзи и предавања во сите поранешни југословенски републики, на кои учествувале повеќе од 60.000 слушатели, и тоа од повеќе од 1.500 компании: Банка „Интеса“, „Хемофарм“, „Coca Cola“, „Hellenic“, „Ерсте банка“, „Бош“, „Триглав“, „Перутнина“ – Птуј, „Фиат“, „ДМ“ и Дрогерија „Lilly“, „Галеника“, „Неопланта“, „Меркур“ и уште многу други банки, осигурителни и производствени компании, дистрибутивни центри и др.
Од 2011 година соработува и со Мокрогорската школа за менаџмент и држи обуки за продажни вештини. Активно е гостин на многу познати светски предавања и конференции.