„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Расте понудата, се очекува смирување на цените на становите- Андреа Серафимовски гостин на МТВ

Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите , Андреа Серафимовски гостуваше во емисија посветена на економијата на Македонската радио-телевизија, каде што даде свое согледување и проценка за идните очекувања на цените на становите.

Тој посочи дека се очекува одредено стабилизирање на цените во наредниот период, но и појасно издвојување на квалитетот на изведбата на становите на пазарот.
Серафимовски упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни при купување стан, нагласувајќи дека станува збор за значајна животна инвестиција која треба да се реализира врз основа на сопствена анализа на квалитетот на недвижнините и цената што се нуди.
 
Целиот разговор на линкот