„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

30 години посветеност, успех и развој на KAM

01.02.2026

| Актуелно

 По повод три децени постоење и успешно работење, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна посета со менаџментот на КАМ. Предмет на разговори беа предизвиите на компанијата со кои се соочува, како една од водечките деловни субејкти во трговијата на мало, според повеќе показатели, број на вработени, инвестиции, промет, ниски маржи, освојување нови пазари надвор од државата и сл.

Претседателот Азески, посочи дека за Комората е од особено значење членството на КАМ која прашањата за деловен развој континуирано ги иницира преку коморското делување. Трговијата на мало е важна дејност во економското делување на државата и покренува циклус на обрт и во многу други стопански гранки. Акцентот во разговорите беше ставен и на важноста на основните параметри на живеењето како, пазарната економија, правната сигурност, лојалната конкуренција, сузбивањето на сивата економија, дигитализација на процесите кои се основа за функционирање на бизнисот.

Во економски рамки сите овие 35 години од осамостојувањето на државата бизнисот порасна, а државните институции немаат капацитет и можност да го следат развојот. За таа цел вели Азески и во разговорите со Владата постигнат е концензус дека е поребно домашните компании да имаат предност пред странските при објавување јавни набавки за разни видови услуги и производи според формули применети и во други земји, да се работи на рационализација на јавниот сектор кој вработува голем број работници, а има исклучително ниска продуктивност и дека буџетот треба да го намалува процентот на социјални трансфери за сметка на раст на развојните и инвестиционите програми. 

На средбата беше констатирано дека големите компании треба да бидат во поголем обем препознаени од држаавата, што не е случај години и децении наназад, бидејќи големите субјекти врзуваат голем број мали фирми и се основа за нивен опстанок.

КАМ групацијата има мрежа од 86 трговски објекти во државата, сопствен дистрибутивен центар, вработува над 1500 лица, како и 25 трговски објекти во Бугарија. Најголем предизвик е недостигот на кадар, како и серија законски системски прашања за кои нудат и конкретни предлози за нивно решавање.

Во рамки на посетата, претседателот Азески на менаџментот на КАМ по повод 30 години одбележување им додели Признание за посветеност, успех и развој.