„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Владата и Комората во нова инвестициска офанзива

Јавна дебата за економијата и индустријата - работната средба на Азески и Николау во ТИТАН УСЈЕ

24.01.2026

| Серијал

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членови на Управниот одбор, реализираа работна средба со Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН Усје во кругот на фабриката. По презентацијата на функционирањето на групацијата ТИТАН Усје, Азески како што истакна пред присутните, посетата ја реализира во сензитивен период кога компанијата, како што рече, се соочува со критики во делот на животата средина. Но, како долгогодишна членка на Комората, која преку својата групација е присутна во повеќе земји во регионот, Европа и на други котиненти, а и согласно фактите презентирани пред јавноста, јасно е дека до правата слика ќе се дојде само преку разговор, дијалог на сите засегнати страни, и за таа цел Комората во форма на поддршка на својата членка и на менаџментот ќе биде организатор на конференција на тема економијата и индустријата. Проблемот кој се актуелизира околу Усје, вели Азески е значаен во голема мера за граѓаните, за подобра животна средина и тоа е факт, но, Усје е индустриски капацитет кој значително придонесува во економијата преку плаќање на обврските по основ на даноци, разни други давачки, придонеси за вработените, поддршка на соработка со добавувачите и тоа треба да се има во предвид, бидејќи основата на функционирање на општеството е создавање подобри економски услови за граѓаните. Комората вели Азески, се залага и за меѓународен мониторинг за загадувањето и на работењето на Усје, и согласно резултатите заедно со  државата да се разгледаат сите опции за идни чекори.

Треба да докажеме дека имаме капацитет за опстанок, за контролирање на ситуациите и за интеграција. Мислам дека тој испит ќе го положиме зашто враќање назад нема. Мора да се разговара за да се надминат проблемите. Тоа е единствениот начин, вели претседателот на Комората. Истакна и дека овој случај конечно го отвори клучното прашање - заштитата на животната средина и развојот на индустријата.

Како претставници на бизнис секторот вели Азески, треба да имаме вин-вин ситуација, државата да овозможи компаниите да остваруваат профит, но во услови на максимално заштитена животна средина. Големи мултинационални компании се тука, а тоа значи дека ја гарантираат стабилноста на државата и на системот.

 

 

„Титан Усје“ како дел од корпорацијата „Титан“ работи целосно во согласност со европското и националното законодавство. Немаме против отворена дискусија за реално наоѓање на проблемот, посочи главниот извршен директор на „Титан Усје“, Константинос Николау, кој истакна дека целта на компанијата е нула нето емисии на јаглерод до 2050 година.

Веќе 70 години, ТИТАН Усје е дел од заедницата и активно придонесува кон нејзиниот развој. Особено значајна е соработката со бизнис заедницата, бидејќи размената на искуства и знаења и соработката на заеднички проекти, дава дополнителна вредност за компаниите, но и за општеството во целина. Континуирано вели директорот Николау Титан Усје инвестира во модернизација на своите капацитети и унапредување на технолошките процеси. Фабриката е опремена со најсовремени технологии кои обезбедуваат висока оперативна ефикасност, конзистентен квалитет на производите и строго почитување на прописите за заштита на животната средина и безбедност при работа. Работењето на компанијата е под континуиран 24-часовен независен мониторинг и е носител на А-интегрирана дозвола. Покрај тоа, ТИТАН Усје е меѓу првите компании во земјата која целосно ги имплементираше ESG стандардите, што е уште една јасна потврда за високите цели на компанија во однос на еколошките перформанси, придонесот кон заедницата и современо корпоративно управување. ТИТАН Усје е дел од групацијата ТИТАН која има своите компании на повеќе пазари во Европската унија, САД и Африка и е котира на меѓународна берза. Во сите компании се употребуваат најдобрите практики во индустријата.

Инвестициите на компанијата се насочени кон развој и се базирани на принципите на зелената економија. Само во изминатите шест години инвестирани се над 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра се директно насочени кон модернизација и иновации во насока на влијанието врз животната средина. Само во најсовремени технологии за производство ТИТАН Усје инвестираше околу 6 милиони евра во изминатите 5 години, а ќе се инвестираат и дополнителни 3 милиони евра до 2028 година. Дигитализацијата, декарбонизацијата, зајакнувањето на производственото портфолио базирано на зелени решенија и соработката со сите наши партнери, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година.

Николау информираше и дека согласно барањата на пазарот за цемент секогаш во зимскиот период цементарницата ги прави своите редовни ремотни. И оваа година, на 20 декември беше запрена едната производна линија, а на 16 јануари втората. Моментно веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во Скопје останува горе-долу исто. Тоа уште еднаш покажува дека главната причина за загадувањето во Скопје не е „Цементарница Усје“, подвлече директорот.

Безбедноста и здравјето за нас се приоритет и клучна определба. Уделот на јаглерод во нашите производи е сведен на минимум. Тоа е одраз на нашата грижа за животната средина, подвлече Николау.

Групацијата „Титан“ во светски рамки има преку 6 000 вработени, а „Титан Усје“, која придонесува со преку 50 милиони евра во македонската економија, брои повеќе од 500 директни и индиректни вработувања и дополнително, соработува со над 3 000 добавувачи.

 

 

По повод 70 години постоење претседателот на Комората Бранко Азески во рамки на посетата на фабриката, на директорот Константинос Николау му додели - Признание за седум децении успех во работењето на ТИТАН Усје.