„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во новото интервју за „Пари“, Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, зборува за клучната трансформација на секторот во Македонија – од фаза на брз и експанзивен раст кон период на зрелост, консолидација, доверба и фокус на квалитет.
Годината 2025 ја обележа консолидацијата на пазарот, професионализацијата и созревањето на небанкарските финансиски друштва. Наместо само квантитативен раст, акцентот се префрли на квалитетот и тоа подобрување на внатрешните процедури, зголемена транспарентност, подобра заштита на потрошувачите, унапредено корисничко искуство и усогласување со европските стандарди и најдобри практики.
За 2026 година се очекува дополнително зајакнување на регулаторната рамка, целосна дигитализација на клучните процеси, воведување на одржливи („зелени“) финансиски практики, како и уште позајакната соработка со регулаторите, регионалните асоцијации и тековните европски трендови.
Ова го истакнува Јошевски во интервјуто, во име на членките на Групацијата, нагласувајќи дека секторот сега е во фаза на квалитативен развој и долгорочна стабилност.
👉 Целото интервју: pari.com.mk/intervju-nikola-josevski-fokusot-na-finansiskite-drustva/