„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Микробалканс 2025: Дигиталната трансформација во функција на одговорно кредитирање во микрофинансирањето

13.11.2025

 На панелот “Moќта на структуираните податоци”, Татјана Давчев, директор за правни работи и усогласеност во Иуте Македонија, отвори перспективи за тоа како структурираните податоци, автоматизацијата, поврзување со институциите за електронски пари и платежни услуги веќе го менуваат начинот на работење: побрзо носење одлуки, подобро следење во реално време и поширока финансиска инклузија во регионот.

Таа потенцираше дека и покрај забрзаната дигитализација, сè уште постојат сериозни предизвици - од регулаторното усогласување, до етичката употреба на податоци и ниската финансиска и дигитална писменост. Компаниите што имаат силно корпоративно управување и високи етички стандарди се тие што ќе го диктираат темпото и ќе поставуваат стандарди.

Во дискусијата на панелот Давчев истикна дека одговорното кредитирање е клучна вредност. Машинското учење и науката базирана на податоци не се само технолошки алатки - тие нѝ овозможуваат да носиме кредитни одлуки што се и етички и одржливи. Веќе гледаме резултати: подобра сегментација на клиентите, поквалитетно портфолио и повисока стапка на навремено сервисирање на обврските. Не станува збор за следење на технолошките трендови, туку за одговорно користење на технологијата со цел да создадеме подобри услуги, поголема доверба и поинклузивен финансиски еко-систем,” истакна Давчев.