„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.10.2025
Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (СЕЦ), а со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, на 11 ноември 2025 година ќе го организира настанот „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства “, кој ќе се одржи од 9:00 до 13:30 часот во просториите на Комората во Скопје.
Настанот е наменет за македонски и швајцарски компании и институции кои сакаат да истражат нови можности за трговска соработка, инвестиции и партнерства.
Програмата содржи презентации и панел-дискусии со експерти од бизнисот и институциите, кои ќе ги споделат своите согледувања за пазарните можности, правните рамки и стратегиите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји. По дискусиите, ќе следи работен коктел со можност за вмрежување.
Поради ограничениот број на учесници, се молат заинтересираните компании да го потврдат своето учество најдоцна до 7 ноември 2025 година на следната е-пошта: daniel@mchamber.mk.