„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Образование - инвестиција во бизнисот

Стручното образование – мост помеѓу образованието и компаниите

22.10.2025

 Дуалното образование претставува модел на стручно образование кој ги поврзува училиштата и компаниите, со цел учениците покрај теоретските знаења да стекнат и практични вештини во реална работна средина во компаниите каде што учат конкретни работни процеси и технологии. Комората во 2017 година ја презеде иницијативата за воведување на дуално образование. Првично се започна како пилот-проект со само две квалификации – од секторите електротехника и машинство. Денес, сликата е сосема поинаква: овој модел се применува на 78 квалификации во рамки на 14 сектори на квалификации, со активно учество на 700 компании и 69 средни стручни училишта. Имаме импресивна бројка од 258 дуални паралелки во училиштата.

Дуалното образование придонесува за поблиска врска меѓу образованието и економијата и претставува најефикасен начин за обезбедување кадар кој одговара на потребите на стопанството.

Комората своите активности ги насочи и кон имплементирање на практичната настава и во високото образование, затоа што искуството на компаниите покажува дека завршените студенти кои се вработуваа имаат солидни академски знаења, но немаат доволно практични вештини за веднаш да влезат во работните процеси.

Целото интервју од гостувањето на м-р Наташа Јаневска, советник за образование во кабинетот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, можете да го погледнете на видеото во текстот.