„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.09.2015
Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на својата редовна седница, одржана на 29.9.2015 година, расправаше за начинот на реализација и активното учество на членките од ИКТ-секторот во предвидените активности на донесената Национална краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план. Здружението учествуваше во Работната група за изготвувањето на овој значаен документ и даде најмногу забелешки и мислења, кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи.