„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

ВО РАМКИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ - ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА ЗА ПРОМЕТ СО ИКТ-ОПРЕМА

15.06.2016

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси во рамките на прометот со ИКТ-опрема, на иницијатива на повеќе компании, на 15.6.2016 година се одржа конститутивна седница на која се формираше Групација за промет со ИКТ-опрема како посебна форма на организирање и работење во рамките на Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и ќе предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и  добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.

За претседател на Групацијата за промет со ИКТ-опрема е избран Бобан Тотовски, генерален менаџер на „ТНТ ИТ Маркет“ - Скопје, а за заменици-претседатели се избрани  Никола Настевски од „Нико Фон“ - Скопје и Горан Димитровски, директор на „АМЦ“ - Скопје.