„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

СОГЛЕДУВАЊА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ПРЕКУ ДИЈАЛОГ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ДО РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА

26.09.2016

Стопанската комора на Македонија преку Здружението на угостителството и туризмот и Здружението на информатичко-комуникациските технологии, во соработка со Американската стопанска комора во Македонија, подржана од ЕУ твининг проектот “Зајакнување на заштитата на правата од интелектуална сопственост”, на денешната прес конференција (26.9.2016 година), организирана во Комората, информираше за заклучни согледувања од страна на бизнис заедницата кои беа усвоени по одржувањето на Тркалезната маса на 22 септември на тема “РЕАЛНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА”.

На тркалезната маса, претставниците на бизнис секторот ја потврдија својата одлуката дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат изработка на Правилник со тарифа за користење авторски музички дела кој ќе обезбеди соодветен надомест за авторите од една страна и економски одржливи трошоци на другата страна.