„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.03.2017
На 7 март 2017 година претседателот на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија имаше состанок со претставници од „PwC“ од Луксембург. Цел на средбата беше размена на мислења во врска со Студијата на изводливост (физибилити студија) за воспоставување Центар на извонредност (Centre of Excellence), кој би ги покривал земјите од Западен Балкан.
Студијата е финансирана од страна на Европската инвестициона банка (ЕИБ), а фокусот на студијата е на иновации во две области: Информациски и комуникациски технологии и Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.