„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Високи претставници на Гугл и Мајами во Комората - регионалната соработка во центарот на посетата на Азески во Белград

07.10.2025

Продолжуваат интензивните активности на Комората во наредниот период. Неделава започнува со прием во француската амбасада во Белград по повод Бизнис форумот Франција-Западен Балкан, на кој ќе се запознаваат, дружат и вмрежуваат компаниите од Западен Балкан и француските компании и економски претставништва на Балканот. Во текот на вчерашниот ден попладне (6.10.2025 година) беше реализирана средба со новиот амбасадор на Франција во Србија, како и со неколкумина претставници и бизнисмени од Франција.

(Б.Лепавцова, Б.Азески и Г.Марков-претседател на Бизнис клубот за соработка со Франција)

Средба со сенаторот Оливиер Кадик 

Претседателот на Стопанска комора Азески во текот на денот ќе присуствува и на форумот во рамки на Берлинскиот процес, ЗБ 6 и КИФ, со наслов „Advancing WB Economic Integradtion through the Common Regional Market and EU Single Market“, каде ќе има и со свое излагање на вториот панел посветен на перспективите на стопанските комори во рамки на заедничкиот регионален пазар и единствениот ЕУ пазар.

Предвидена е и посета на неколку реномирани странски компании кои имаат интерес за соработка во целиот регион.

Вториот ден од Форумот, во среда (8.10.2025 година) предвидено е конституирање на новото здружение BRIDGE (Balkan Regional Infrastructure Development and Growth Enterprise)

Во четврток ќе започне втората сезона на Бизнис клуб подкастот на Стопанска комора и продукцијата Трето уво. Точно во 12:00 часот ќе се соберат сите досегашни учесници заедно да ја погледаат првата емисија од втората сезона и ретроспективата од првата сезона.

Во втората сезона на подкастот се најавуваат нови гости имиња на новите членови на УО на Стопанската комора, регионални бизнис лидери и луѓе бизнисмени кои немаат дадено интервју во последните 10-тина години.

Петок, 10.10.2025 година е резервиран за  делегацијата на УЈП која ќе ја посети Комората

Со амбасадорката на Германија, на приемот минатата недела по повод триесет и пет години од обединувањето на двете Германии

 

И уште да најавиме дека во понеделник (13.10.2025 година) Комората ќе ја има честа да биде домаќин на Ренато Гаро, директор за технологија во Google, кој ќе одржи предавање на тема: „Градење на агенти за вештачка интелигенција - Како да го автоматизирате вашиот бизнис“.

Кит Карсвел е директор за економски развој и иновации на Мајами, и тој ќе биде гостин на Стопанската комора и ќе зборува за економската соработка помеѓу двете држави.