„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Scalefocus со три признанија од Stevie® Awards 2025 - Година на глобални победи и раст

01.10.2025

Иновации во вештачка интелигенција, инвестиции во талент и силен раст на глобалниот пазар ја обележуваат 2025 како година на експанзија и меѓународно признание за Scalefocus. Компанијата им помага на клиентите ширум светот преку иновации, технолошка експертиза и култура што ги става луѓето на прво место.

 2025 е возбудлива година за Scalefocus. Од локални иницијативи до светска афирмација, компанијата покажува како тим воден од иновации и технолошка извонредност може да направи реална разлика – за клиентите, вработените и пошироката ИКТ заедница.

Глобално признание
Третпат по ред, Scalefocus доби признанија на престижните Stevie® Awards:

●      Бронза – За постигнувања во развој на компетенции и вештини, за трансформација на инженерската кариерна рамка со цел развој на талент и поголема вредност за клиентите.
Сребро – Иновација на годината во енергетскиот сектор, за смартификација на енергетската индустрија преку анализа во реално време.

●      Бронза – Најиновативна технолошка компанија на годината (до 2.500 вработени).

Покрај тоа, Scalefocus е вклучена и на престижната листа Global Outsourcing 100® за 2025 од Меѓународната асоцијација на аутсорсинг професионалци (IAOP®), во категоријата Rising Star. Високите оценки во категориите за референци од клиенти, награди и сертификати, како и програми за иновации, го потврдуваат она што клиентите веќе го знаат: Scalefocus е сигурен партнер што испорачува вредност и иновации на секој чекор.

Градење култура на иновации

Иако индустриските награди го потврдуваат влијанието на Scalefocus, вистинската иновација почнува од внатре – таа е дел од ДНК на компанијата.

За да ја поттикне креативноста и континуираното подобрување, Scalefocus по вторпат ја организираше програмата Месец на Иновации. Овој настан им овозможува на колегите да ги претворат идеите во реалност – било да се работи за оптимизација на внатрешни процеси или создавање решенија за клиенти. Месец посветен на љубопитноста, креативноста и конкретните резултати.

А бидејќи иновациите се одржливи само ако се потпираат на талент, Scalefocus силно инвестира во развој на идните ИКТ лидери. Програмата Летна пракса во канцеларијата во Скопје им овозможува на студентите од ФИНКИ и ФЕИТ практично искуство преку работа на реални проекти. Така се зајакнува локалниот извор на таленти и се создаваат професионалци со вештини што ќе ѝ служат на индустријата во иднина.

Оваа иницијатива ја истакнува Scalefocus како општествено одговорна компанија што вложува во идните генерации и поширокиот ИКТ екосистем. Клиентите знаат дека соработуваат со организација што размислува долгорочно – за луѓето, бизнисот и одржливиот раст.

 
Раст и нови пазари: Експанзија во DACH регионот

Додека ја зацврстува културата на иновации внатрешно, Scalefocus истовремено ја пренесува таа вредност и кон повеќе клиенти на глобално ниво. Еден од клучните пазари за раст во 2025 е DACH регионот (Германија, Австрија, Швајцарија).

Проширување ќе им овозможи на клиентите во овој регон да ги искористат предностите на Scalefocus во областа на nearshoring-моделот и АI-поддржаната испорака. Клиентите ќе добијат поблиски односи, побрзи одлуки и високо ефикасни тимови усогласени со нивните бизнис цели.

 
Водени од вредности, поттикнати од луѓето

Зад секоја награда и секое постигнување стојат луѓето на Scalefocus. Вредностите на компанијата се водилка за секоја активност:

●      Да се направи разлика: Фокус на она што е важно и испорака на мерливи резултати.

●      Повеќе заедно: Беспрекорна соработка со клиенти и колеги.

●      Преземање одговорност: Сопственички пристап кон секој проект и испорака со интегритет.

●      Никогаш да не се помириме со помалку: Постојано стремење кон извонредност.

Насока кон иднината

2025 е година на признанија, раст и иновации. Постигнувањата на Scalefocus покажуваат што е можно кога талентот, технологијата и стратегијата се спојуваат. Со проширено глобално присуство, стратешко лидерство на клучни пазари и култура што ја поттикнува љубопитноста и соработката, Scalefocus е подготвена да им помогне на клиентите да ја изградат следната генерација на технолошки решенија.