„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

„МАГИЧНИТЕ МАКЕДОНСКИ ЗНАМЕНИТОСТИ“

27.09.2025

Во предговорот Азески напиша – ремек дело со практича вредност

 Издавачката куќа „Трето уво“ и нејзиниот сопственик Иво Јанковски ја промовираа најновата монографија насловена „Магичните македонски знаменитости“, која како што беше речено на промоцијата го носи читателот на патување низ времето, претставува прозорец кон историјата, културата и убавините на нашата земја. Книгата потсетува колку е скапоцена Македонија, спакувана е во осум поглавја а во истата учествувале повеќе автори.

Инаку ова е втора книга, првата издадена пред 19 години во 2006 година, под називот „Прекрасна Македонија“, инаку промовирана и на најголемиот саем за книги во Франкфурт.

Предговорот за книгата „Магичните македонски знаменитости“, го напиша македонскиот коморски лидер Бранко Азески кој меѓу другото вели: ова ремек-дело нуди опции на применливост во делот на националното богатство, културното наследство, деловната активност и брендирањето, како алатка за промоција и развој на бизнисите. Почетокот на оваа книга има практична вредност што се состои во тоа, секој нејзин читател да биде информиран за се она што е убаво во Македонија, започнувајќи од објектите и настаните и завршувајќи со луѓето. Затоа на крајот можам слободно да кажам: Сето она што ќе го прочитате и, се надевам, ќе го погледнете, не е ништо без граѓаните на Република Северна Македонија, кои на нештата за кои зборуваме им даваат душа, возбуда и задоволство, а тоа е суштината на животот. За тоа – вреди да се живее.

Азески порачува дека секогаш бил практичен, предлагал иновативни решенија, анимирал луѓе да нудат иновативни опции, јавно ги поддржувал. Вели се воодушевувам кога ќе видам пример каде што може да се искаже реална вредност, надвор од висината, далечината, брзината. Тоа, впрочем е универзален белег на Олимписките игри, како врвен дострел во светот.

И како и секој свој став и овој предговор го завршува со П.С. во кое вели „Покрај ова Ви пожелувам да ги посетите и другите земји во светот затоа што сум убеден дека тогаш слободно ќе речете: „Чест и задоволство ми е што сум од Македонија“.“