„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување
Концентрацијата на извозот само кон неколку земји на ЕУ го наметнува прашањето како да се освојуваат нови пазари во Европа, но и да се градат трговски релации со други земји од Северна Африка, Блискиот Исток и од Азија, не исклучувајќи ја можноста да се користат и постојните релации со Велика Британија и со САД како земји со големи извозни потенцијали за нас.
Во Комората, прашањата за извозот како врвен приоритет се третира преку неколку различни форми и тоа:
- Националниот совет за извоз;
- Институтот за извоз (составен од Тренинг-центар и Аналитички центар за градење на капацитети на човечките ресурси во извозните компании и обработка на споредбени анализи со цел таргетирање на потенцијали на различни извозни пазари);
- Клубот на извозници.
Комората изработи и дигитална алатка, т.н платформа за извоз - Easy Export (за полесна информираност и извозна промоција на компаниите).