„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Комората во соработка со Македонското здружение по кардиологија по втор пат ја организира високо-стручната Школа за срцева слабост

09.09.2026

| Новости

Славејќи ја 35 годишнината од независноста на Република Северна Македонија, оваа година Стопанската комора во соработка со Македонското здружение по кардиологија по втор пат ја организира високо-стручната и едукативна Школа за срцева слабост. Школата и оваа година е сертифицирана од Европската асоцијација за срцева слабост при Европското здружение по кардиологија и 20 реномирани професори од Европа и 6 наши еминенти кардиолози ќе ја водат едукацијата.

Комората  секогаш ги поддржува иновативните и прогресивните идеи, и овој пат е насочена кон подигнување на стручното ниво на лекарите во областа на кардиологијата во превенција и лекување на срцевата слабост како една од водечките причинители за смртност и инвалидитет, пред сè, кај бизнис-популацијата.