„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Работа, посветеност, лојалност кон членките, взаемна доверба, тоа е сликата за Стопанската комора, која денеска одбележува 104 години постоење.
14 јули 1922 година, на овој датум со закон е основана тогашната Трговско-индустриска комора во Скопје, што се смета за историски зачеток, прв официјален облик на коморско организирање на територијата на Македонија.
Стопанската комора не е само сведок на економската историја, туку и креатор на нејзината иднина. Во ера на глобални дигитални трансформации и непредвидливи пазарни текови, 104 години коморско делување, само ја потврдува нејзината улога на незаменлив столб на бизнис заедницата, партнер на државните институции и двигател на националниот напредок.
Многу децении поминати, променети бројни економските системи и владини гарнитури. Но, една константа останува непроменета – визијата на домашните компании за силна, конкурентна и извозно ориентирана економија. Стопанската комора веќе 104 години функционира како врвна платформа која ги артикулира барањата на реалниот сектор пред креаторите на политиките. Нивната порака останува идентична сите овие години - одржлив економски раст е можен само преку предвидлив деловен амбиент, владеење на правото и стратешки дијалог.
Последните дваесетина години кога со институцијата раководи претседателот Бранко Азески, се направи статешката трансформација на Стопанската комора во „Комора на иднината“. Во таа стратешка определба своја улога имаа бизнисмените кои со своите предлози, идеи, ставови ги цртаа контуирите на идното коморско делување. Дел од нив, помлади, ентузијасти, спремни за нови предизвици и успеси во интерес на бизнис делувањето во државата. Дел од тимот бизнисмени кои во Комората свои траги и белег, оставиле со своето искуство, знаење и широки погледи и ги поставиле основите на новото бизнис делување во плуралистичкиот коморски систем. Но, и такви кои се спој на поискусните и помладите и кои со своето бизнис искуство и сеуште исклучително активни во креирање и иницирање бизнис активности ја формираат економската слика на стопанството.
СКСМ успеа да ги обедини токму таквите бизнисмени кои делуваат во органите и телата, како јадро кое активно учествува по разни основи, на разни теми и содржини во креирање на економската политика во државата.

Комората останува цврст партнер на државата во градењето на реформи кои значат зголемена продуктивност, развој на човечкиот капитал и силно партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор.

Нашето партнерство со државните институции не е прашање на избор, туку економски императив. Докажавме дека најдобрите и најодржливите реформи се оние кои се донесени низ отворен и рамноправен дијалог помеѓу креаторите на политиките и реалниот сектор. Бизнисот не бара привилегии, туку предвидливост, владеење на правото и ефикасна администрација. Само кога јавниот и приватниот сектор чекорат во ист правец, со заеднички визии за дигитализација и извоз, можеме да изградиме силна и конкурентна национална економија.“