„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Здружението за градежништво ја поздравува најавата на Министерството за транспорт- Домашна компанија ќе реализира голем инфраструктурен проект

19.06.2026

| Новости

Здружението за градежништво ја поздравува најавата на Министерството за транспорт дека по долг временски период домашна компанија ќе биде носител на реализација на голем инфраструктурен проект.  Ова е позитивен сигнал за македонското градежништво и потврда дека домашните компании имаат знаење, капацитет и потенцијал да реализираат капитални инвестиции од национално значење.

Во наредниот период, Здружението уште поинтензивно ќе се залага за што поголема вклученост на македонските компании како директни изведувачи на ваквите проекти. Токму преку директно учество се создаваат референци, се зајакнува конкурентноста и се обезбедува развој и раст на домашните градежни компании, кои претставуваат еден од клучните двигатели на економскиот развој и растот на бруто-домашниот производ на државата.
Голем ден за македонското градежништво – чекор напред кон посилна, поконкурентна и поуспешна домашна градежна индустрија.