„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Стопанската комора, денес ја посети делегација на MEDEF I International - Француска бизнис конфедерација, која го претставува францускиот приватен сектор во странство, кој опфаќа 170.000 француски компании и над 10 милиони вработени. Делегацијата беше предводена од Кристоф Пети, Претседател на деловниот совет Франција-Северна Македонија, во рамки на MEDEF International, а воедно е и заменик генерален директор на Bouygues и во придружба на францускиот амбасадор, Н.Е.г-дин Кристоф Ле Риголер.
Француската делегација се сретна со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и со претставници на Бизнис клубот за соработка со Франција и франкофонските земји, во рамки на комората, со цел да се информира за клучните проекти што ги промовира македонската влада во неколку стратешки сектори, како и можностите за економска соработка.

На средбата беше заклучено дека француските компании имаат широк спектар на експертиза во некои од овие стратешки сектори и интерес за инвестиции и соработка во конкретни проекти. Притоа, Бизнис клубот за соработка со Франција во рамки на Стопанската комора ќе продолжи да им биде партнер и поддршка за реализирање на нивните активности и проекти во Македонија.