„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИТАЛИЈАНСКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МЕСО

21.05.2026

| Новости

 Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа презентација на италијанска технологија за месна индустрија како и  Б2Б средби со италијански фирми, организирана од ITA Агенција – Канцеларија и Комората. На настанот земаа учество осум италијански компании - производители на опрема за преработка на месо.

На почеток на настанот поздравно обраќања имаше Директорот на ICE Скопје - Андреа Д’Андреа, Заменик амбасадорот Морено Ѕела и Извршниот директор на Стопанската комора, м-р Антони Пешев.

Голем интерес предизвика презентацијата за македонската индустрија за преработка на месо од страна на Стручната служба во комората, по што следеше претставување на италијанските компании пред локалните оператори.

Попладнето се одржаа повеќе B2B средби со цел креирање нови можности за соработка и зајакнување на економските врски меѓу Италија и Северна Македонија. Тоа истовремено претставува и важен чекор за промоција на италијанското знаење и технологија и поттикнување на извозниот потенцијал на  секторот.