„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Колумна на претседателот на СКСМ Бранко Азески за магазинот ИнСтор

23.04.2026

| Актуелно

Во колумната во магазинот ИнСтор, претседателот Азески пишува дека Македонија не страда од недостиг на дигитална поврзаност. Предизвикот е како таа поврзаност да се претвори во економска вредност. Компаниите што ќе ја сфатат оваа транзиција како стратегиска можност, а не како оперативна обврска, ќе бидат тие што ќе ја дефинираат иднината на малопродажбата во земјата.

Е-трговијата лесно останува „дополнителен канал“, наместо двигател на нов раст.

Што треба да се направи?

Прво, е-трговијата мора да се третира како профитен центар со јасно поставени цели, а не како маркетинг алатка.

Второ, потребни се инвестиции во корисничко искуство, од едноставни постапки за нарачка, до персонализирани понуди базирани на аналитика и се разбира ефикасна достава.

Трето, финтек решенијата и е-владините услуги треба да се развиваат паралелно, за да се намали фрикцијата во плаќањето и довербата во дигиталните трансакции.

Проекциите покажуваат дека пазарот може да достигне 650–700 милиони евра во следните години, доколку се отстранат институционалните и бизнис-бариерите. Но тој раст нема да се случи автоматски. Дел од вредноста може да ја преземат регионални или глобални платформи кои веќе имаат развиена скала и технолошка супериорност.

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот линк - https://instore.mk/category/mislenja-i-komentari/1407049