„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
19.10.2026
Надлежно е министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Јавниот увид во Закон за вршење на официјални контроли може да се изврши на следната електронска адреса: ener.gov.mk или во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство почнувајќи од 16.10.2026 заклучно со 31.10.2026.
Јавната расправа за Закон за вршење на официјални контроли ќе се одржи на 05.11.2026, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.
2. Цели на предлог регулативата
Основните цели на овој законот се:
-да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, животните, растенијата и другите добра, како и на животната средина при дефинирање и спроведување на политиките и активностите во областа на безбедноста на добрата, и
-да се постигне високо ниво на заштита на потрошувачите преку мерките кои се донесени во врска со исполнувањето на бараљата за ставање во промет и контрола на храната и другите стоки.
Покрај основните цели, со овој закон треба да се постигнат и следниве цели:
-се осигури дека храната за луѓе и добиточната храна се безбедни и здрави и дека активностите кои би можеле да имаат влијание врз безбедноста на земјоделско-прехранбениот синџир или на заштитата на интересите на потрошувачите во врска со храната и информациите за храна, се вршат во согласност со посебните барања;
-ефикасно справување со евентуалното ширење на болести кај животните кои во некои случаи се пренесуваат на луѓето или на штетници кои влијаат на растенијата или растителните производи;
-да се обезбеди заштита на животната средина од ризиците кои би можеле да произлезат од генетски модифицирани организми (ГМО) или производи за заштита на растенијата;
-унифицираност на квалитетот на храната и добиточната храна, вклучувајќи медицинирана храна за животни, хигиена на храната и храна за животни, зоонози, животински нуспроизводи, резидуи од ветеринарни производи, контаминенти, витамини, минерални соли, микроелементи и други додатоци, материјали кои доаѓаат во контакт со храна, барања во однос на квалитетот и составот, вода за пиење, јонизација, нови храни;