„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.08.2026
Надлежно е министерство за економија и труд
Во Законот за вработување и работа на странци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/15 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.163/21 и 86/25) се уредуваат условите и постапката под кои странци можат да се вработуваат или да работат во Република Северна Македонија, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е утврдено.. Исто така со законот се уредуваат и услугите обезбедени од странци и другите облици на работа кои ги извршуваат странци врз основа на договори за работа или други договори согласно со граѓанското право, а кои се спроведуваат на територијата на Република Северна Македонија за ограничен временски период, a се сметаат за работа извршена од страна на странци.